ПАТУВАЈТЕ ПОДАЛЕКУ

Откријте како софистицираните системи за управување со топлината во I‑PACE Concept се грижат да се добие уште поголема автономија.

Контролирањето на температурата е важно кај секој автомобил, но е од особена важност кај електричните возила како I-PACE Concept и тркачкиот автомобил I‑TYPE Formula E.



Во трките, ефективното управување со температурата значи дека возачот може да се натпреварува со поголема брзина и подолго на патеката. Кај друмските автомобили каков што е I‑PACE Concept, возачите можат да добијат до 50km (или 30 миљи) поголема автономија од полнење до полнење на батериите.

Кај I‑PACE Concept треба да се контролира температурата на три позиции: на пакетот со батерии, моторите и во кабината на возачот. Софистицираниот систем за управување со топлината на автомобилот ги грее и лади овие елементи поединечно, ја собира енергијата од едниот и ја предава на другиот. Значи, ако се создава топлина во електромоторот, оваа топлина се користи за да се загрее или кабината или батеријата, или и двете позиции. Пренесувањето на топлинската енергија на овој начин значи дека батеријата се користи помалку за греење што овозможува поголем дел од моќноста на батеријата да се користи за зголемување на автономијата.

yt:s45lTQQc1-o
Jaguar I‑PACE Concept | Управување со топлината

„Тоа е многу софистициран систем со којшто можеме да ја префрламе создадената топлина помеѓу овие три различни извори“.
д-р Волфганг Цибарт, директор на технички дизајн во Jaguar Land Rover

Покрај собирање на енергијата што ја создава самиот автомобил, I‑PACE Concept има и топлинска пумпа што зема воздух од надворешноста и го користи за загревање на внатрешноста. Енергијата од надворешниот воздух се пумпа на повисока температура, процес што троши многу малку енергија дури и кога надворешната температура е релативно ниска. Овој загреан воздух потоа се внесува во кабината на возачот, наместо да се користи конвенционална електрична греалка, што значи за греење на внатрешноста потребно е помалку моќност од батеријата.

Влијанието на топлинската пумпа е големо. Кога надворешната температура е помеѓу 10°C и 15°C, употребата на топлинска пумпа наместо моќност исклучително од батеријата може да ја зголеми автономијата на I‑PACE Concept и за 50km (30 миљи).

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
I‑PACE CONCEPT
Впечатлив поглед на нашиот прв електричен сериски автомобил што се напојува преку батерија. Автомобил со погон на сите тркала AWD, моќност од 400PS, 5 седишта, со автономија од преку 500km (310 миљи).
ИСТРАЖЕТЕ ГО I‑PACE CONCEPT
JAGUAR RACING
Натпреварувањето на патеката во светскиот шампионат на ФИА во Формула Е ни обезбедува реална, брза пробна патека за тестирање и усовршување на технологиите за електричен автомобил.
ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR RACING
I‑PACE CONCEPT: <br> ОД ТРКА НА ДРУМ
Го истражуваме патувањето од тркачкиот автомобил I‑TYPE Formula E до I‑PACE Concept. Откријте го првиот целосно електричен друмски автомобил на Jaguar.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ ОД ТРКА НА ДРУМ