ЕВОЛУЦИЈА НА ДИЗАЈНОТ: 80 ГОДИНИ НА JAGUAR - 1997 - 2016
Дизајнот на Jaguar беше освежен за новиот милениум. Се разви врз база на дизајнот од последните години но надмина некои поконзервативни дизајнерски решенија што гледаа наназад. Почна да добива сосема нов изглед. Во поголемиот дел тоа беше заслуга на Ијан Калум, директор на дизајн во Jaguar од 1997 година. Во следните две децении тој внесе нов живот во фамилијата Jaguar, црпеше инспирација и виталност од минатото за да ги дефинира идеите за денешните модели.