РЕЖИМИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА ПЛАГ-ИН ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД (PHEV)

РЕЖИМИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА ПЛАГ-ИН ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД (PHEV)

РЕЖИМ ЗА ВОЗЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО 

Истражете ги режимите што Ви овозможуваат да го изберете оптималниот начин.

ХИБРИДЕН РЕЖИМ

ХИБРИДЕН РЕЖИМ

Вашиот стандарден режим за возење автоматски му дава приоритет на погонот на струја освен ако Ви треба дополнителна моќност од моторот или ако батеријата е празна.
РЕЖИМ ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО (ЕВ)

РЕЖИМ ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО (ЕВ)

Режимот EВ се избира рачно преку копче на Вашата конзола и го максимира времето што го минувате со погон на струја. Системот ќе го вклучи моторот само ако се бара максимална моќност.

ОПТИМИЗИРАЊЕ НА ВАШАТА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

Кога сте во стандардниот режим за возење (Хибрид) можете да ја оптимизирате потрошувачката на гориво или енергетското ниво на батеријата преку користење на една од двете алтернативни функции за управување со енергетското ниво:

ФУНКЦИЈА ЗА ЗАШТЕДА (SAVE)

ФУНКЦИЈА ЗА ЗАШТЕДА (SAVE)

Функцијата за заштеда SAVE се избира рачно преку екранот на допир на возилото и не дозволува енергетското ниво на батеријата да падне под нивото што било избрано. Ова Ви овозможува тивко патување со нулта емисија на издувни гасови подоцна во текот на патувањето.
ФУНКЦИЈА ПРЕДВИДУВАЧКА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЕНЕРГИЈАТА (PEO)

ФУНКЦИЈА ПРЕДВИДУВАЧКА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЕНЕРГИЈАТА (PEO)

Функцијата PEO автоматски ќе се вклучи кога ќе се внесе дестинација во системот за навигација на возилото. Оваа функција ги користи географските податоци за да го предвиди патот што претстои и интелигентно префрлува помеѓу електромоторот и бензинскиот мотор за да се минимизира потрошувачката на гориво во текот на патувањето. На овој начин се минимизира и емисијата на издувни гасови во населени места.

ДОПОЛНИТЕЛНА ПОДДРШКА

ПОЛНЕЊЕ

ПОЛНЕЊЕ

Дознајте ги едноставните чекори за полнење на Вашето возило во домашни услови или на Вашата следна дестинација.
НАГОДУВАЊЕ

НАГОДУВАЊЕ

За да го извлечете најдоброто од главните функции и карактеристики на Вашето возило прво треба да се поврзете со Вашиот систем за информации и забава и да ги нагодите елементите за контрола на Вашиот паметен телефон.
МАКСИМИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЖИВОТ НА БАТЕРИЈАТА

МАКСИМИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЖИВОТ НА БАТЕРИЈАТА

Следете ги овие едноставни совети за да ја одржите вашата батерија ефикасна и долготрајна.