ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Jaguar Land Rover limited ја почитува приватноста на секое лице кое ги посетува неговите веб-локации. Која било информација којашто е добиена за вас ќе се искористи за да се исполни која било услуга што ќе ја побарате, за да ве информираме за нови производи и услуги, а и за да го унапредиме начинот на којшто ве опслужуваме. Вашите податоци ќе се третираат во согласност со односните законски одредби на Европската Унија и на локалната држава. Вашите податоци нема да бидат изложени за никого надвор од Jaguar Land Rover, неговите здружени компании и неговите продавачи, агенции и лиценцирани партнери на која и да било од овие компании и кои било други компании со кои Jaguar Land Rover директно или индиректно организирал сервис во ваша полза.
Jaguar Land Rover нема да прибира лични податоци за вас преку колачиња. Сепак, со овозможување колачиња или чување овозможени колачиња, вие сте согласни Jaguar Land Rover да чува колачиња во вашиот прегледувач. Ве молиме да забележите дека оневозможувањето на колачињата веројатно ќе ја погоди функционалноста на веб-локацијата и вашето искуство со веб-локацијата на Jaguar Land Rover.
Целта на оваа политика на приватност е да се опише типот на информации коишто го прибираме од вас кога ја посетувате нашата локација и да ви објасниме како ги користиме овие информации
Поради меѓународната природа на работата на Jaguar Land Rover, Jaguar Land Rover ги обработува и ги складира личните податоци надвор од ЕУ. Имаме обврска да побараме од вас да се согласите со тоа. Ако не сакате, ние за жал нема да бидеме во можност да обработиме ниедно барање што ќе го направите преку оваа веб-локација.
Ако се согласувате, тоа може да го направите врз основа на тоа дека ние ги користиме вашите податоци САМО за да го обработиме барањето што го правите или врз основа на тоа дека Jaguar Land Rover може дополнително да ги користи за дополнителни контакти (секогаш е предмет на подолунаведената Политика на приватност).
ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Ние ги заштитуваме податоците строго според принципите на European Union Data Protection Framework Directives (Рамковна директива на Европската Унија за заштита на податоци), особено директивата EU Directive 95/46/EC
Која било информација за вас која што сакате да ни ја обезбедите ќе се чува во безбеден компјутерски сервер во Обединетото Кралство. Софтверот на серверот (SSL) ги шифрира сите информации со кои нѐ снабдувате.
Со ова се осигурува, меѓу другото, дека вашите податоци кои ние ги држиме се обработуваат според законот и чесно. Целиме да осигураме дека складираните лични податоци ќе бидат точни, релевантни и нема да бидат прекумерни. Ќе ги ажурираме податоците и информацијата нема да ја чуваме подолго отоколку што е потребно. Податоците ќе ги чуваме безбедно за да спречиме неовластен пристап од страна на други луѓе. Имате право да видите што се чува во врска со вас и да корегирате какви било неточности.
Jaguar Land Rover нема да споделува или да дава на заем информации со утврден идентитет во врска со вас на која било трета страна без ваша согласност. Може да споделуваме вообичаени информации со партнерите или со други страни во врска со шемата на постапки на посетителите на локацијата, на начин на кој индивидуалните посетители никогаш не може да бидат идентификувани. Можно е да ја прегледате нашата локација без да обезбедите никави лични детали. Меѓутоа, без да ги регистрирате вашите детали вие нема да можете да примате понатамошна комуникација од нас.
КАКВИ ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ СЕ ПРИБИРААТ
Ние ги прибираме вашите лични информации преку образец за регистрирање.
Овие информации може да содржат податоци како што се вашето име, адреса на вашата е-пошта, земја и избран јазик.
Овие информации ги користиме за:
Да ја направиме вашата посета позабавна
Да ви испратиме релевантни информации во врска со производите и услугите
Да ве известуваме по пат на е-пошта, од време на време, за промоциите или за производите и услугите што мислиме дека може да бидат интересни за вас
Ако изберете да примате информации или други комуникации од нас, тогаш таа опција можете да ја изберете со означување на односното поле во образецот за регистрација. Исто така можете да не контактирате во кое било време ако повеќе не сакате да примате комуникации од нас преку врската Contact Us (Контактирајте нѐ) на веб-локацијата.
Ако сте ни дозволиле да ги користиме вашите лични информации за горенаведените цели, ние може од време на време да ги изложиме овие информации на која било компанија или организација на којашто ѝ ја предаваме одговорноста да ракува со е-пошта или други директни маркетиншки комуникации со вас во наше име. Ако дојде до ова, ние гарантираме дека која било компанија од трета страна која ракува со вашите информации се придржува до односниот Закон за заштита на податоците.
ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ ПРИБРАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВАШАТА ПОСЕТА НА НАШАТА ЛОКАЦИЈА
Секојпат кога ја прегледувате веб-локацијата, кога читате страници или кога преземате информации, нашите компјутери автоматски запишуваат одредена информација во врска со вашата посета од компјутерот којшто го користите за да пристапите до нашата локација.
Информацијата го вклучува следното:
Оваа информација не ве идентификуваат вас лично. Само ни кажува колку посетители доаѓаат на нашата локација и типот на компјутери што го користат. Со оваа информација, ние можеме да ја подобриме нашата локација за сите посетители и да ја направиме покорисна за вас
Датумот и времето кога сте пристапиле на нашата локација.
Колку пати и кои страници ги посетувате за време на една „сесија“ на нашата локација и колку долго сте биле на локацијата.
Вашето интернет име на домен (ова може да биде вашиот давател на интернет-услуги како што е aol.com или вашето работно место) и ИП адресата (ова е број што е доделен на вашиот компјутер секојпат кога сурфате на мрежата) што ви овозможуваат да пристапите на нашата веб-локација.
Интернет-прегледувачот што го користите (на пр. Microsoft Explorer или Netscape) и оперативниот систем на вашиот компјутер (на пр. Windows 98).
Локацијата на којашто сте биле пред да се поврзете со jaguar.co.uk (на пр. Yahoo ако сте нѐ нашле преку пребарувач).
ЗАШТИТА НА АДРЕСИ НА Е-ПОШТА
Адресата на вашата е-пошта е искористена само за одговор до вас освен ако не сте дале согласност како што е погоре наведено.
ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ НА ПИКСЕЛ-ОЗНАКИ
Ние може да користиме „пиксел-ознаки“ (pixel tags), што се мали графички датотеки кои ни овозможуваат да ја набљудуваме употребата на нашите веб-локации. Пиксел-ознака може да прибира информации како што е ИП (интернет протокол) адреса на компјутерот којшто ја преземал страницата на која се појавува ознаката; УРЛ (Униформен локатор на ресурси) на страницата на која се појавила пиксел-ознаката; времетраењето на прегледот на страницата која ја содржи пиксел-ознаката; типот на прегледувачот којшто ја земал пиксел-ознаката; и идентификацискиот број на кое било колаче на компјутерот кое претходно било поставено од тој сервер. Кога се допишуваме со вас преку е-пошта со ХТМЛ формат, може да ја користиме технологијата детектирање формат (format sensing), која им овозможува на пиксел-ознаките да нѐ информираат дали сте ја примиле и отвориле нашата е-пошта.
УШТЕ ПРАШАЊА ЗА ПРИВАТНОСТА?
Имате право како поединец да дознаете какви информации чуваме во врска со вас и да направите корекции ако треба. Исто така имате право да побарате од нас да не ги користиме информациите за маркетиншки цели со тоа што нема да ни дадете согласност во образецот за регистрација.
Ако имате какви било одредени прашања коишто не се покриени во овој дел, или пак сакате да знаете какви информации во врска со вас во моментот складираме, ве молиме контактирајте нѐ.
Ако имате одредена грижа за заштитата на податоците или одредена поплака, може да ја адресирате до нашиот Data Protection & Privacy Team (Тим за заштита на податоци и приватност) на DPOffice@jaguarlandrover.com
Што е колаче?
Колаче е текстуална низа од информации којашто веб-локацијата ја пренесува до датотеката со колачиња од прегледувачот на тврдиот диск на вашиот компјутер така што веб-локацијата може да запомни кој сте вие. Колачињата може да ѝ помогнат на веб-локацијата побрзо да ја организира содржината за да биде во согласност со вашите омилени теми - повеќето големи веб-локации користат колачиња. Колачината сами по себе не може да се користат за ваша идентификација.
Едно колаче вообичаено го содржи името на доменот од кадешто колачето дошло; „животниот век“ на колачето; и вредност, во општ случај единствен број генериран по случаен избор.
На оваа веб-локација се користа два типа на колачиња:
Колачиња од сесии, кои се привремени колачиња што остануваат во датотеката со колачиња на вашиот прегледувач сѐ додека не излезете од локацијата.
Постојани колачиња, кои остануваат во датотеката со колачиња на вашиот прегледувач многу подолго (колку долго зависи од животниот век на одреденото колаче).
Нашата политика за колачиња
Како се користат колачињата на оваа локација и какви информации се прибрани. Колачињата од сесии се користат:
За да ви овозможат да пренесувате информации низ страниците на нашата локација и за да не морате повторно да ги внесувате информациите.
Во рамките на регистрацијата да ви овозможат да пристапите до складираните информации.
Постојаните колачиња се користат:
За да ни помогнат за да ве препознаеме како уникатен посетител (ако се користи број, не може да ве идентификуваме лично) кога ќе се вратите на нашата веб-локација.
За да ни овозможат да ја скроиме содржината или рекламите да бидат во согласност со вашите омилени теми или за да се избегне повторно да ви се прикажуваат исти реклами.
За да соберат анонимни статистики коишто ќе ни овозможат да разбереме како корисниците ја користат нашата веб-локација и за да ни помогнат да ја подобриме структурата на нашата веб-локација. На овој начин не можеме лично да ве идентификуваме.
Колачиња од трети страни
Преку оваа локација колачиња доставуваат и трети страни.
Тие се користат за следните цели:
За да доставуваат реклами на нашата веб-локација и да следат дали корисниците кликнуваат на овие реклами.
За да контролираат колку често ви е прикажана одредена реклама.
За да ја скројат содржината да одговара на вашите омилени теми.
За да ги избројат анонимните корисници на нашата локација.
За да обезбедат сигурност во рамките на кошничките за купување или трансакциите.
Веб светлечки знаци
Некои од нашите веб страници може содржат електронски слики познати како Web Beacons (Веб светлечки знаци) (понекогаш познати и како clear gifs - транспарентни гифови) кои ни овозможуваат да ги броиме корисниците што ги посетиле овие страници. Web Beacon (Веб светлечки знак) прибира само ограничени информации меѓу кои се бројот на колачето, времето и датумот на прегледот на страницата и описот на страницата кадешто Web Beacon (Веб светлечки знак) е присутен. Ние можеби носиме и Web Beacons (Веб светлечки знаци) поставени од трети страни што рекламираат. Овие Web Beacons (Веб светлечки знаци) не пренесуваат никакви информации за идентификација и се користат само за да се следи ефикасноста на определена кампања
Управување со колачињата
Оневозможување и овозможување на колачињата
Ја имате способноста да ги прифатите или да ги одбиете колачињата преку менување на поставките во вашиот прегледувач. Меѓутоа, ако ги оневозможите колачињата нема да можете да ги користите сите интерактивни карактеристики на нашата локација. Упатствата за тоа како да проверите дали колачињата се овозможени се наведени подолу:
Како да проверите дали колачињата се овозможени за PC
Google Chrome
Кликнете на 'Tools' на горниот дел од прозорецот на вашиот прегледувач и изберете Options
Кликнете на картичката 'Under the Hood', пронајдете го делот 'Privacy', и изберете го копчето 'Content settings'
Сега изберете 'Allow local data to be set'
Microsoft Internet Explorer 6.0, 7.0, 8.0
Кликнете на 'Tools' на горниот дел од прозорецот на вашиот прегледувач и изберете 'Internet options' , а потоа кликнете на картичката 'Privacy'
Уверете се дека вашето ниво на Privacy е поставено на Medium или пониско, што ќе овозможи колачиња во вашиот прегледувач
Поставки повисоки од Medium ќе ги оневозможат колачињата
Mozilla Firefox
Кликнете на 'Tools' на горниот дел од прозорецот на вашиот прегледувач и изберете Options
Потоа изберете ја иконата Privacy
Кликнете на Cookies, а потоа изберете 'allow sites to set cookies'
Safari
Кликнете на иконата Cog на горниот дел од прозорецот на вашиот прегледувач и изберете ја опцијата 'Preferences'
Кликнете на 'Security', проверете ја опцијата која вели 'Block third-party and advertising cookies'
Кликнете на 'Save'
Како да проверите дали колачињата се овозможени за Мас
Microsoft Internet Explorer 5.0 за OSX
Кликнете на 'Explorer' на горниот дел од прозорецот на вашиот прегледувач и изберете ги опциите 'Preferences'
Лизгајте надолу сѐ додека не видите 'Cookies' во Receiving Files
Изберете ја опцијата 'Never Ask'
Safari за OSX
Кликнете на 'Safari' на горниот дел од прозорецот на вашиот прегледувач и изберете ја опцијата 'Preferences'
Кликнете на 'Security' а потоа на 'Accept cookies'
Изберете 'Only from site you navigate to'
Mozilla и Netscape за OSX
Кликнете на 'Mozilla' или на 'Netscape' на горниот дел од прозорецот на вашиот прегледувач и изберете ја опцијата 'Preferences'
Лизгајте надолу сѐ додека не видите колачиња во 'Privacy & Security'
Изберете 'Enable cookies for the originating web site only'
Opera
Кликнете на 'Menu' на горниот дел од прозорецот на вашиот прегледувач и изберете 'Settings'
Потоа изберете 'Preferences', изберете ја картичката 'Advanced'
Потоа изберете ја опцијата 'Accept cookies'
Бришење на колачињата
Лесно можете да ги избришете колачињата кои биле инсталирани во папката за колачиња во вашиот прегледувач. На пример, ако користите Microsoft Windows Explorer:
Отворете го 'Windows Explorer'
Кликнете на копчето 'Search' во алатникот
Впишете "cookie" во полето за пребарување за 'Folders and Files'
Изберете 'My Computer' во полето 'Look In'
Кликнете на 'Search Now'
Двојно кликнете на папките што се пронајдени
Изберете ја која било датотека со колачиња
Притиснете го копчето 'Delete' на вашата тастатура
Ако не користите Microsoft Windows Explorer, тогаш треба да изберете "cookies" во функцијата "Help" за да се информирате каде да ја најдете вашата папка со колачиња.