Ги поместуваме границите на можното уште откога е произведен првиот автомобил на Jaguar во 1935 година, инспирирани од нашиот оснивач Сер Вилијам Лајонс. Тој инсистираше секој автомобил што ќе го произведе компанијата да ги комбинира перформансите и убавината како ниеден друг автомобил. Неговата бескомпромисна визија постави нови критериуми според коишто сè уште живееме.
Ја продолжуваме таа традиција со претставувањето на новиот F-TYPE. Овој врвен спортски двосед ја продолжува почитуваната семејна лоза што почна со моделите C, D и E‑Type. Последниот е трајна икона, сè уште се смета за најубав автомобил во светот, го дефинира пазарот што моделот F-TYPE денеска одново го дефинира.
ДНК на Jaguar веднаш се препознава низ целиот наш асортиман – непогрешлива чиста линија што минува низ сите наши модели. Агилност и моќност; елегантност и заводливост; самодоверба и инстинктивност: сите овие квалитети се одразуваат во нашите автомобили.
Како компанија, горди сме на улогата што ја имаме во светското и британското стопанство – отвараме илјадници работни места во Обединетото Кралство и ширум светот. Со длабока посветеност кон нашите оснивачки принципи, Jaguar ќе остане на чело на индустријата за луксузни автомобили и во иднина.