АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™ ЗА JAGUAR

Музика којашто ќе се совпадне со возбудливите перформанси на вашиот Jaguar.

КОНЦЕРТНО ДОЖИВУВАЊЕ ВО ВАШИОТ JAGUAR

Искусете го вашиот избор на музика со најголема јасност и прецизност досега, благодарејќи на врвната аудио технологија за автомобили на Meridian. Иновативните технологии емитираат полн и чист звук како да се работи за изведба во живо, преку вашиот музички плеер и стратешки распоредените звучници. Со опцијата за уникатната технологија TrifieldTM, и функцијата Cabin Correction за да се компензираат разните површини и текстури, британскиот бренд за аудио опрема Meridian†† ве внесува во ритамот на музиката, со исклучителна резолуција, кристално чисти високи тонови и целосен, длабок бас.

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN
Возејќи го вашиот Jaguar додека софистициран звук ја исполнува кабината е едно од повозвишените задоволства во животот. Со најмногу 14* стратешки распоредени звучници, моќност од 380 вати и двоканален сабвуфер за да се добие полн звук, системот дава детален и јасен звук за секого во кабината. Достапни се 2 верзии во зависност од вашиот систем за информации и забава; Touch или Touch Pro.

*Бројот на звучници и моќноста зависат од тоа кој Jaguar ќе го изберете. Ве молиме прашајте го вашиот продавач за подетални информации.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:XNIIryNgujM
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК
За емоционалниот интензитет на изведбата во живо во вашиот Jaguar, аудио системот Meridian со опкружувачки звук има 20* предни, странични и задни звучници со моќност од 825 вати и двоканален сабвуфер, сите совршено соединети со помош на технологијата Trifield. Ексклузивно кај Meridian, Trifield ги хармонизира централниот и опкружувачките канали со левиот и десниот канал за да ви даде вам и на вашите сопатници задлабочувачко музичко доживување.

*Бројот на звучници и моќноста зависат од тоа кој Jaguar ќе го изберете. Прикажаното возило е моделот XE Pure со аудио системот Meridian со опкружувачки звук. Ве молиме прашајте го вашиот продавач за подетални информации.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:5dxhyDOnw9o
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN SIGNATURE
Ако ги затворите очите би можеле да си замислите дека сте на изведба во живо, толку е вистински и мултидимензионален звукот од аудио системот Meridian Signature. До 26 звучници* со моќност од 1300 вати и вклучувајќи двоканален сабвуфер, првата во светот технологија Trifield за автомобил го зголемува вашето чувство за простор во кабината.

*Бројот на звучници и моќноста зависат од тоа кој Jaguar ќе го изберете. Ве молиме прашајте го вашиот продавач за подетални информации.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:5_ia80hjrUE
MERIDIAN AUDIO TECH INNOVATION
DIGITAL SIGNAL PROCESSING
Технологијата за дигитална обработка на сигналите Digital Signal Processing (DSP) ја обезбедува основата кај секој звучник на Meridian. Таа ги собира сите елементи од аудио системот во една целина да создаде автентично доживување.
ФУНКЦИЈА MERIDIAN CABIN CORRECTION
Анализирајќи го обликот на кабината, карактеристиките на акустиката и резонанцата, функцијата Meridian Cabin Correction ги отстранува несаканите пречки во звукот. Напредниот алгоритам овозможува музиката да звучи како што била оригиналната замисла на композиторот.
ФУНКЦИЈА MERIDIAN DIGITAL DITHER SHAPING
За да може вредното доживување од аудио системот за автомобил да се совпадне со луксузот и префинетоста на Jaguar, функцијата Meridian Digital Dither Shaping осигурува дека дигиталната конверзија на сигналите се прави глатко и беспрекорно.
ФУНКЦИЈА TRIFIELD<sup>†</sup>
Го исполнува вашиот Jaguar со автентичен звук a, ексклузивно кај Meridian, функцијата Trifield беспрекорно ги хармонизира централниот и опкружувачките канали со левиот и десниот канал, емитирајќи доследен звук што нуди концертно доживување за сите патници во автомобилот.
СОРАБОТКА
MERIDIAN И JAGUAR
Соработката на Meridian со Jaguar го слави најфиното во британскиот луксуз и префинетост. За автентично музичко доживување во вашиот Jaguar, Meridian разви уникатни технологии за да развие веродостојни 3Д музички перформанси во движење. Секој елемент има свој придонес, од технолошките иновации до точното позиционирање на звучниците во кабината.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:7nNJgYuleFo
ИСТОРИЈАТОТ НА MERIDIAN
Основана во 1977 во Кембриџшир (Cambridgeshire), Англија, компанијата Meridian Audio создава висококвалитетни аудио системи со високи перформанси во соработка со Jaguar. Meridian беше предводник во примената на многу иновации, вклучувајќи ги активните звучници и првиот во светот дигитален процесор за опкружувачки звук. Аудио технологијата на Meridian, прилагодена кон уникатната атмосфера во секој модел на Jaguar, осигурува дека возачите на Jaguar можат во òд да уживаат во беспрекорната автентична музичка изведба.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:7nNJgYuleFo
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url