ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ

Обезбедуваме делови за класик возилата до илјадници сопственици ширум светот и имаме за цел да понудиме услуга од највисоко ниво и квалитетни оригинални производи за клиентите што се грижат за возила што не се произведуваат 10 или повеќе години. Сите делови се произведени според прецизните спецификации на Jaguar од страна на оригиналните добавувачи, секогаш кога е тоа можно, со автентични цртежи и алати на Jaguar за да се гарантира 100%-на автентичност.

Оригиналните делови за класик возилата не се само репродукција. Тие се нови делови точни како оригиналните и се конструирани и изработени со голема трпеливост од страна на врвни мајстори коишто се соживеани со класик моделите на Jaguar. Нивната поврзаност со автомобилите и нивното наследство се елементите што ги внесуваат прецизноста, автентичноста и единствениот дух во секој еден дел.

Минатото се среќава со иднината во системот за информации и забава Jaguar Classic.

Нашата фасцинираност со минатото не значи дека не треба да ја прифатиме иднината за да го збогатиме доживувањето во возењето на вашиот класик Jaguar.

Затоа го воведовме системот за информации и забава Jaguar Classic, којшто е во хармонија со класик внатрешноста на вашиот Jaguar но опремен со модерна технологија како DAB радио, систем за поврзливост Bluetooth Connectivity™, екран на допир од 3.5“, интеграција на паметен телефон и сателитска навигација. Доаѓа со црна или хромирана завршна обработка и совршено се вклопува во внатрешноста на вашиот Jaguar.

Тука спаѓаат беџот Grawler (заштитниот знак - главата на јагуар) изработен од 24-каратно злато креиран од светски познатиот уметник со метали Фаторини, E-type гравура на декоративните површини со помош на најсовремено 3Д скенирање и CAD технологија и додатоци и подобрувања за класик моделите, како пневматиците Pirelli P-Zero XJ220 и течностите на Castrol.

СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА

Нашиот Сервис за сопствениците на возила е екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили и има за цел да обезбеди гарантиран сервис, реставрација и помош за продажба за сите класик модели на Jaguar без оглед на нивната старост.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас