Иновацијата е движечка сила на тркањето којашто се проткајува во богатата историја на автомото спортот на Jaguar. Сите овие децении размислувавме креативно што е изводливо на патеката за да ви го пренесеме тоа на друмските модели.
Долгата и богата историја во автомото спортот секогаш беше предвесник за еволуцијата на нашите друмски автомобили. Нашиот влез во Формула Е ќе го продолжи ова наследство, одредувајќи го курсот за нашите идни електрични возила.
НАШИТЕ ТРКАЧКИ АВТОМОБИЛИ
XK120
Датум: 1948 - 1954 Максимална брзина: 200,5 km/h / 124,6 mph Зафатнина на моторот: 3.442 cm3 / 201 ci Моќност: 160 bhp / 119 kW Факт: XK120 е најбрзиот сериски автомобил во светот при своето појавување
C-TYPE
Датум: 1951 - 1953 Максимална брзина: 231,7 km/h / 144 mph Зафатнина на моторот: 3.442 cm3 / 201 ci Моќност: 207 bhp / 154 kW Факт: Диск кочниците на C-Type стануваат стандард во автомобилите
D-TYPE
Датум: 1954 - 1957 Максимална брзина: 260,7 km/h / 162 mph Зафатнина на моторот: 3.442 cm3 / 210 ci Моќност: 250 bhp / 186 kW Факт: D-Type победи на трката во Ле Ман во 1955, 1956, 1957 година
XJS
Датум: 1975 - 1996 Максимална брзина: 246,2 km/h / 153 mph Зафатнина на моторот: 4.235 cm3 / 258 ci Моќност: 285 bhp / 212 kW Факт: XJS победи на трката 24 часа во Спа во 1983 година
XJR
Датум: 1983 - 1991 Максимална брзина: 368,2 km/h / 229 mph Зафатнина на моторот: 6.995 cm3 / 426 ci Моќност: 750 bhp / 559 kW Факт: XJR-12 ги освои првото и второто место во Ле Ман 1990 година
ФОРМУЛА 1 - R2 & R3
Датум: 2000 - 2004 Максимална брзина: 312,2 km/h / 194 mph Зафатнина на моторот: 2.998 cm3 / 464 ci Моќност: 770 bhp / 574 kW Факт: Еди Ирвајн и Марк Вебер возеа за Ф1 тимот на Jaguar
Формула E I-TYPE 1
Датум: 2016 - 2017 Максимална брзина: ограничена на 225,3 km/h / 140 mph Зафатнина на моторот: нема податоци Моќност: 200kW, еквивалентно на 270bhp Факт: Jaguar се врати на трките во Формула Е во третата сезона, 2016/17
Формула E I-TYPE 2
Датум: 2017 - 2018 Максимална брзина: ограничена на 225,3 km/h / 140 mph Зафатнина на моторот: нема податоци Моќност: 200kW, еквивалентно на 270bhp Факт: Jaguar прв пат освои место на подиумот и прв пат освои пол позиција со моделот I‑TYPE 2 во четвртата сезона, 2017/18
ФОРМУЛА E I-TYPE 3
Датум: 2018 - 2019 Максимална брзина: 250 km/h / 156 mph Капацитет на батеријата: 52 kWh Моќност: 250kW, еквивалентно на 335bhp Факт: Jaguar I-TYPE 3 ја постигна првата победа за тимот во Формула Е на трката E-Prix во Рим во 2019 година - прва победа на Jaguar во меѓународниот автомото спорт од 1991 година.
ФОРМУЛА E I-TYPE 4
Датум: 2019 - 2020 Максимална брзина: 280 km/h / 174 mph Капацитет на батеријата: 52 kWh Моќност: 250kW, еквивалентно на 335bhp Факт: Jaguar I-TYPE 4 го има најлесниот и најефикасниот погонски систем на Jaguar Racing досега што доминантно победи на трката во Мексико Сити и освои пол позиција на трката во Сантјаго.
ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ ВО НАШАТА ИСТОРИЈА НА ТРКИ
XK120
1948-1954 – СИЛВЕРСТОУН & ЛЕ МАН
Целосно нов спортски автомобил и пробница за револуционерниот мотор XK на Jaguar, моделот XK120 е рангиран како најбрз сериски автомобил во светот. Во 1949 година, моделот XK120 победува во Силверстоун, а следната година, три возила XK120 дебитираат на трката во Ле Ман. Тоа е почетокот на нова ера во автомото трките.
C‑TYPE
1951-1953 – ЛЕ МАН
Во 1951 година, воздухопловниот инженер Малколм Сејер (Malcolm Sayer) доаѓа во Jaguar и со себе ги носи дисциплината и совршенството од аеронаутиката. Неговата прва задача, моделот C-Type, победува во Ле Ман, а возачот на второто возило Стирлинг Мос (Stirling Moss) го соборува најбрзиот круг на патеката. Во 1953 година, моделот C-Type повторно победува во Ле Ман и освојува три од првите четири позиции.
D‑TYPE
1954-1957 – ЛЕ МАН
Лошите временски услови му ја украдоа победата на моделот D-Type во Ле Ман во 1954 година, дури и по забележувањето на шокантна максимална брзина од 273,5 km/h (170 mph). Сепак, автомобилот со аеродинамичен облик го возврати ударот со победи во 1955, 1956 и 1957 година - година во која освои пет од првите шест позиции. Моделот D-Type до ден денес останува еден од најуспешните тркачки автомобили што е создаден.
XJS
1975-1996 – ETCC & СПА 24 ЧАСА
Во 1982 година, под знакот на TWR, британскиот тркач Том Вокиншо (Tom Walkinshaw) внесе тим со V12 XJS во Европскиот шампионат за туристички автомобили и постигна неколку победи во текот на шампионатот. Вокиншо го освојува европскиот шампионат за туристички автомобили во 1984 година во конкуренцијата на возачи, а во истата година победува на престижната трка Спа 24 часа.
XJR-9
1983-1991 – ДЕЈТОНА 24 ЧАСА & ЛЕ МАН
Автомобилите од моделот XJR со затворен кокпит се покажаа импресивни на светските патеки за издржливост - а најимпресивен меѓу нив е моделот XJR-9 од 1988 година. Суперавтомобилот со моќниот V12 мотор победува на трката Дејтона 24 часа, а потоа и во Ле Ман, каде што возачот Мартин Брандл (Martin Brundle) и Jaguar ги освојуваат првите места и во категоријата на возачи и во категоријата на производители.
Од R1 до R5
2000-2004 – ФОРМУЛА 1
Авантурата на Jaguar во Формула 1 со Еди Ирвајн, поранешнен возач на Ferrari, резултираше со неколку освоени места на подиумот. Тимот служеше и како тренинг база на ценетиот австралиски возач Марк Вебер (Mark Webber). Ford беше сопственик на тимот а го водеше и инженерскиот дел. Jaguar разви три автомобили и сите беа со моторот Cosworth V10.
I‑TYPE 1
2016 – ФОРМУЛА E
Инспириран од нашето тркачко наследство и поткрепен со колектив од инженери и техничари коишто се признати во светот на трките, тимот Jaguar Racing и неверојатниот I-TYPE 1 влегуваат во Формула Е: смело, натпреварувачки и со ентузијазам кон трките.
I-TYPE 2
2017 - ФОРМУЛА E
Со воведувањето на моделот I-TYPE 2 тимот Jaguar Racing ја запиша својата најуспешна сезона во Формула Е досега со бројни резултати во првите десет позиции. Моделот I-TYPE 2 наменски е направен за исцрпувачки трки низ градските улици, развива моќност до 200kw (270bhp) и потребни му се само 2,9 секунди за да забрза од 0 до 100km/h (0-60mph).
I-TYPE 3
2018-2019 – ФОРМУЛА E
Jaguar I-TYPE 3 заедно со Мич Еванс, возачот од Нов Зеланд, направи историски подвиг за тимот Panasonic Jaguar Racing. Тимот ја освои првата победа во АББ светскиот шампионат на ФИА во Формула Е на E-Prix трката во Рим, во месец април 2019 година, и тоа е прва победа на Jaguar во меѓународниот автомото спорт од 1991 година.
I-TYPE 4
2019-2020 – ФОРМУЛА E
Jaguar I-TYPE 4 го има најлесниот и најефикасниот погонски систем на Jaguar Racing досега и постигнува максимална брзина од 280 km/h. Овој автомобил доминантно победи на трката во Мексико Сити и освои пол позиција и место на подиумот на трката во Сантјаго. Сезоната заврши со 6 трки распоредени во период од 9 дена на затворена кружна тркачка патека на историскиот аеродром Берлин Темпелхоф во Германија. Тимот Panasonic Jaguar Racing го освои седмото место во шампионатот во конкуренција на тимови.
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
JAGUAR I-PACE
Од тркачката патека на улиците: доживејте ја возбудата од тркачките перформанси со Jaguar I-PACE.
Чудесен дизајн и перформанси што го одземаат здивот. Истражете како нашето искуство од АББ Светскиот шампионат на ФИА во Формула Е се пренесува на нашите друмски електрични возила.
JAGUAR I-PACE
Од тркачката патека на улиците: доживејте ја возбудата од тркачките перформанси со Jaguar I-PACE.
Чудесен дизајн и перформанси што го одземаат здивот. Истражете како нашето искуство од АББ Светскиот шампионат на ФИА во Формула Е се пренесува на нашите друмски електрични возила.