НАШИТЕ ПАРТНЕРИ

Иновираме заедно, победуваме како поединец.
TATA CONSULTANCY SERVICES (TCS)

TATA CONSULTANCY SERVICES (TCS)

TCS е организација за IT услуги, консалтинг и деловни решенија којашто е партнер со многу бизниси повеќе од 50 години. TCS нуди консултантски и когнитивни услуги за деловни активности, технологија и инженерство. Како дел од групацијата Tata group, TCS има повеќе од 606.000 консултанти во 55 земји. TCS работи за да создаде одлучна иднина, користејќи ги иновациите што ќе ја движат одржливоста. Од партнерството на TCS со Jaguar TCS Racing се очекува да ја прифати нашата експертиза и знаење што ќе доведе до иновативни решенија за тимот да постигнува успеси во Е-При натпреварите. TCS
GKN AUTOMOTIVE

GKN AUTOMOTIVE

GKN Automotive, официјален eDrive партнер на Jaguar TCS Racing е глобална компанија за автомобилска технологија што развива, изработува и испорачува водечки на пазарот погонски системи и напредни ePowertrain технологии за 90% од глобалните OEM производители. Познавањето на софтверот, испитувањето и потврдувањето на погонските системи му дава поддршка на Jaguar TCS Racing во развојот на автомобилот од Gen3, со софтвер инженер на GKN вклучен во централата на Jaguar TCS Racing. Партнерството за соработка на GKN Automotive со Jaguar TCS Racing ги унапредува ефикасностите преку поддршка на технологија за погонски системи и напредно ладење, а знаењето што се добива од тркачката патека се применува на друмските модели.
DOW

DOW

Dow е официјален партнер во областа на материјалите и е компанија што верува во моќта на спортот. Компанијата со гордост го пренесува знаењето во развојот на апликации и техничката интеграција со искуство во областа на транспортот поголемо од 100 години. Како партнер на Jaguar TCS Racing компанијата се грижи за развојот и интегрирањето на материјалите од следната генерација што ќе придонесат за иднина со ниска емисија на јаглерод. Преку заедничките иновации, нашиот тим MobilityScience™ има тесна соработка со Jaguar TCS Racing за да се одредат материјали што ќе ја унапредат безбедноста, ефикасноста и робустноста на тркачкиот автомобил, а во исто време ќе ги препознаат растечките барања на електричните возила на патеката и на градските улици.
CASTROL

CASTROL

Кај нас во Castrol страста за перформанси во комбинација со филозофијата за работа во партнерство ни овозможи да развиеме производи што се во срцето на бројни технолошки остварувања на копно, во воздух, на море и во вселената. Преминот кон електрификација нѐ инспирира да создадеме и да лансираме палета на е-течности, e-Fluids, дизајнирани и тестирани за електрични возила. Нашето партнерство со Формула Е тимот Jaguar TCS Racing ќе ни овозможи да ја тестираме палетата e-Fluids на патеката и ќе ни помогне да ги пронајдеме важните чекори за транспортот на утрешнината. Тоа е повеќе од само масло, тоа е инженеринг за течности.
MICRO FOCUS

MICRO FOCUS

Micro Focus е еден од најголемите провајдери на софтвер за претпријатија во светот со повеќе од 300 производи. Овие производи им помагаат на клиентите да ја прифатат дилемата на балансирање на денешните ИТ барања додека ги трансформираат дигиталните можности на утрешнината. Овие решенија вклучуваат безбедност, ИТ операции, испорака на апликации, водење, модернизација и аналитика, со фокус на околината. Micro Focus е транспарентен партнер каков што бараат клиентите. Заедно можат да се донесат одлуки што се потребни за да се предизвикуваат преку дејствување и трансформирање во исто време.
ALPINESTARS

ALPINESTARS

Alpinestars, производител на првокласна опрема за заштита во автомото спортот се трка на највисоко ниво во овој спорт скоро 60 години. Како партнер на најдобрите возачи и тимови во светот во разни шампионати од Формула 1, Формула Е, WEC и NASCAR до WRC и Дакар, компанијата е посветена да испорача напредни технички производи од највисоко ниво што нудат високи перформанси, заштита и што „дишат“, за врвните спортисти во светот на трките и за возачите на тимот Jaguar TCS Racing, Мич Еванс и Сем Бирд. One Goal. One Vision. (Една цел. Една визија.)
UNCOMMON

UNCOMMON

Ние сме креативен бизнис што испорачува уникатни решенија за облека на тимот и промотивни производи од идеја до решение. Реагираме одлучно и ги предизвикуваме нормите. Нашите луѓе и нашата планета ги третираме со респект и настојуваме да бидеме најдобри што можеме, намалувајќи го нашето влијание а во исто време да нудиме исклучителни производи. Дизајнираме, развиваме и испорачуваме уникатни, иновативни и тимски промотивни производи. Размислуваме различно и дејствуваме решително. Нашата мрежа е глобална, нашето знаење е големо, а нашата стручност во одржливата мода значи дека промотивните производи прилегаат добро дури и кога не се носат. Тоа е Uncommon.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

JAGUAR I-PACE

JAGUAR I-PACE

Од тркачката патека на улиците: доживејте ја возбудата од тркачките перформанси со Jaguar I-PACE.
ТРКАЧКА ДНК

ТРКАЧКА ДНК

Репутацијата на Jaguar за перформанси, технологија и дизајн е искалена низ најпредизвикувачките патеки и шампионати во светот.
СЕ ТРКАМЕ ЗА ДА ИНОВИРАМЕ

СЕ ТРКАМЕ ЗА ДА ИНОВИРАМЕ

Чудесен дизајн и перформанси што го одземаат здивот. Истражете како нашето искуство од АББ Светскиот шампионат на ФИА во Формула Е се пренесува на нашите друмски електрични возила.
JAGUAR I-PACE

JAGUAR I-PACE

Од тркачката патека на улиците: доживејте ја возбудата од тркачките перформанси со Jaguar I-PACE.
ТРКАЧКА ДНК

ТРКАЧКА ДНК

Репутацијата на Jaguar за перформанси, технологија и дизајн е искалена низ најпредизвикувачките патеки и шампионати во светот.
СЕ ТРКАМЕ ЗА ДА ИНОВИРАМЕ

СЕ ТРКАМЕ ЗА ДА ИНОВИРАМЕ

Чудесен дизајн и перформанси што го одземаат здивот. Истражете како нашето искуство од АББ Светскиот шампионат на ФИА во Формула Е се пренесува на нашите друмски електрични возила.