„Ова не е само идејно решение. Ова е претходник на првиот целосно електричен SUV со високи перформанси на Jaguar што ќе се појави на патиштата во 2018 година. Ова ќе биде првото електрично возило на Jaguar што се напојува преку батерија и ќе отвори ново поглавје во историјата на нашиот легендарен бренд“.
Ијан Калум, директор на дизајн во Jaguar
I‑PACE Concept им го овозможи на нашите дизајнери луксузот на бескомпромисна платформа за целосно електричен погон уште од самиот почеток. Со голем пакет од батерии помеѓу тркалата и мотори на секоја оска, ја имавме можноста да ги смените основните пропорции на еден SUV.
Како прво, хаубата не мора да биде долга како кај обичните автомобили затоа што нема мотор што треба да се смести во предниот дел. Значи, кабината може да се помести нанапред за да се добие практичен изглед „кабина-напред“ и да се создаде повеќе простор во внатрешноста - вклучувајќи 70mm простор за нозете за патниците на задните седишта.
Тоа од своја страна овозможува поголемо предно ветробранско стакло, што заедно со панорамскиот покрив по цела должина, создава поголемо чувство за простор за сите патници во возилото.
„За дизајнерското решение „кабина-напред“ се договоривме во почетните фази и ова решение е клуч за предниот дел од линијата на покривот, но исто така и за чувството за простор во внатрешноста“.
д-р Волфганг Цибарт, директор на технички дизајн во Jaguar Land Rover
Во меѓувреме, се грижиме предниот и задниот препуст да бидат што е можно пократки и го продолжуваме просторот помеѓу предните и задните тркала - со цел да сместиме поголем пакет со батерии што е од витално значење за поголемата автономија на автомобилот (до 500km) - тоа на автомобилот му дава многу поцврст став на патот.
И покрај ова пријатно визуелно чувство на цврстина, I‑PACE Concept има одлична аеродинамика за својата класа. Дел од карактеристиките што се грижат за постигнување на коефициент на отпор на воздухот од 0,29Cd се заоблената силуета на каросеријата што се спушта на поголеми брзини за да може глатко да го сече воздухот; рачките на вратите што се во ниво со површината на вратата и се извлекуваат по потреба; отворите за ладење што се затвораат кога не се користат. Изведен е и голем аеро-оптимизиран канал за воздух од предната украсна маска до подножјето на предното ветробранско стакло - слично како кај идејниот автомобил C-X75 на Jaguar - што го подобрува воздушното струење кога воздухот нема потреба да минува низ него.
Нешто што е можеби помалку познато во врска со аеро ефикасноста е тоа дека обликот на задниот дел на автомобилот е барем со иста важност како предниот дел. На тој крај, тенкиот заден спојлер го намалува подигнувањето; спортскиот агол на задниот прозорец придонесува за аеродинамиката (сепак овозможува багажен простор со зафатнина од 530 литри под него) и задните отвори за воздух - каде што би биле издувните цевки кај нормален автомобил - го спроведуваат турбулентниот воздух од задните крила во подобро струење зад возилото.
Ова се само некои од деталите со коишто врвната естетика на I‑PACE Concept придонесува во аеродинамичката ефикасност на автомобилот. Ова е ефикасноста што се грижи да се задржи што е можно повеќе од моќноста на батериите за да се зголеми автономијата на возилото.