Со овој тест, Real World Driving Emissions (RDE) се мерат загадувачите, како NOx, коишто автомобилот ги емитира при возење на пат. Тестот RDE нема да ги замени лабораториските тестови, како што е тековниот New European Driving Cycle - Нов европски циклкус на возење и идниот Worldwide Harmonised Light Vehicles Test Procedure - Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила, туку ќе служи за да ги потврди резултатите од лабораториските тестови и ќе осигура дека автомобилите емитираат ниско ниво на загадувачи во издувните гасови при возење на пат.
Тестовите вообичаено се изведуваат во сертифицирана куќа или на сертифицирана опрема во присуство на овластени лица.
На автомобилите се вградува пренослив систем за мерење на емисијата на издувни гасови. Овој систем обезбедува целосно набљудување на главните загадувачи што ги емитира возилото во реално време.
Возилата минуваат низ различни услови. Мала и голема надморска височина, целогодишни температури, дополнителен товар, возење по нагорнина и надолнина, по градски улици, приградски улици и на автопат.
За новите типови на автомобили тестот RDE ќе почне да се употребува во септември 2017 година, а за сите регистрации ќе се применува од септември 2019 година.
Код за одобрение на тип се дава за да се идентификува законската согласност со нивото на емисија на издувни гасови.
Метод на моторен погон.
Облик на цилиндерскиот блок (на пр. линиски, „V“)
Објаснува како моторот се снабдува со воздух.
Го опишува методот на вбризгување на издувните гасови назад во моторот заради контрола на загадувањето.
PMRH се однесува на голем однос помеѓу моќноста и масата.
PMRL се однесува на мал однос помеѓу моќноста и масата.
Ова значи дека резултатите од тестот се споделуваат со техничката служба одговорна за одобрување.
Ова значи за колку се разликува зафатнината на секој мотор кај одредена фамилија мотори.
До резултатите од тестовите RDE, како што е одредено во согласност со регулативата EC 2017/1151 како што е подоцна корегирана и изменета можете да пристапите, бесплатно, на:
https://www.acea.be/publications/article/access-to-euro-6-rde-monitoring-data
До податоците за набљудување на RDE, собрани во согласност со регулативата EC 692/2008 како што е подоцна изменета можете да пристапите со помош на горната алатка за пребарување.
За кое било друго прашање во врска со емисиите на издувни гасови според RDE или WLTP, можете да не контактирате на: WLTPenq@jaguarlandrover.com