Со 600PS што ги добива од 5.0-литарскиот V8 мотор со супер полнач, Project 8 е најмоќното друмско патничко возило на Jaguar во историјата. Производството ќе биде строго ограничено на 300 автомобили за целиот свет. Секое возило ќе биде рачно монтирано во Техничкиот центар на SVO во Ворвикшир, Англија. Можете да избирате помеѓу двосед верзијата со пакетот Track или друмскиот четирисед – двете верзии се ексклузивно достапни со волан од левата страна. Прототип верзиите се возат на познати локации низ Европа, а најпозната локација е патеката Нирбургринг Нордшлајфе. Project 8 го постигна најбрзиот круг за Jaguar досега на Нордшлајфе, побрзо од кој било друг сериски седан со четири врати во историјата и побрзо од многу познати суперавтомобили.