Највозбудливата работа кај I‑PACE Concept е тоа што од самиот почеток е развиен како електрично возило напојувано само преку батерија (BEV).
Можноста да ги сместиме сите важни компоненти на електричното возило – моторот, пакетот со батерии, тркалата и други елементи – баш таму каде што сакаме, ни пружи големи шанси.
Користејќи ги истите интензитет, страст и вештини какви што ќе најдете во тимот на Jaguar што се натпреварува во светскиот шампионат на ФИА во Формула Е, инженерите се решија за два компактни и ефикасни синхрони електромотори со перманентен магнет на предната и задната оска.
„Правиот концепт за електричен автомобил е рамен пакет од батерии под подот и потоа два мотори, еден пред и еден зад тој пакет. Задниот мотор е најдобар како погонски мотор, додека предниот мотор е најдобар за регенерирање енергија“.
д-р Волфганг Цибарт, директор на технички дизајн во Jaguar Land Rover
Се развива моќност од 400PS и инстантен вртежен момент од 700Nm што овозможуваат забрзување 0-96km/h (0-60mph) за околу 4,0 секунди. Тоа е импресивно забрзување какво што имаат спортските автомобили, а и безбедноста е на истото ниво, бидејќи со погонот на сите тркала, со пристапот за два електромотори, се вградени придобивките за возење по секаква површина.
I‑PACE Concept беше дизајниран за да може во него да се смести голем пакет со литиум-јонски батерии за да се ублажат проблемите во врска со автономијата на возилото. Се користи најновата технологија за ќелии, а пакетот има номинален капацитет од 90kWh. Кажано со прости зборови тоа значи дека I-PACE Concept ќе може да патува многу подалеку пред да треба повторно да се полнат батериите. Неговата автономија е пресметана на 500km според европскиот тест циклус (или 220 миљи според САД циклусот). Тоа е совршена автономија за повеќето возачи што го користат автомобилот за дневни релации до работа и назад, додека останатите возачи ќе треба да ги полнат батериите само еднаш седмично.
За да се направи простор за овој голем пакет со батерии помеѓу тркалата, предната и задната оска се поместија нанапред и наназад. Среќна последица од овој дизајнерски пристап е тоа дека се ослободи простор за возачот и четири патници во кабината.
„Бидејќи ова е електрично возило без никакви компромиси ние можеме да постигнеме искористување на просторот што е невидено досега кај автомобилите од оваа големина. Надворешната должина на I‑PACE Concept е во милиметар или тука некаде од должината на Jaguar XE, но должината на внатрешноста – од педалот за гас до внатрешната страна на крајната врата – е помеѓу должината во Range Rover и Range Rover LWB (големо меѓуоскино растојание). Освен поголема внатрешност, големото меѓуоскино растојание дава и постабилно возење“.
д-р Волфганг Цибарт, директор на технички дизајн во Jaguar Land Rover
Поради тоа што пакетот со батерии е поставен долу во возилото, I-PACE Concept има позитивно ниско тежиште. Кога ова ќе се спои со потпирањето, напред со двојна вилушка и назад со системот integral link, со квалитет што е типичен за Jaguar, се овозможува прекрасно доживување во возењето со коешто актуелните возачи на Jaguar веќе ќе бидат запознати.
Тоа што во овој електричен Jaguar нема мотор со внатрешно согорување значи дека нема потреба од тунел за трансмисијата што се протега низ кабината. Најголема продобивка ќе имаат патниците во возилото бидејќи ќе се ослободи дополнителен простор со новиот рамен под. Дизајнерите на Jaguar ја искористија оваа прилика за додавање простори за складирање во предниот и задниот дел од кабината. Но со вештиот распоред на електричните компоненти на возилото, тука сепак има многу добро одмерен багажен простор.