ПРЕФРЛЕТЕ СЕ НА СТРУЈА СО JAGUAR

Возбудлив за возење, едноставен. Зад воланот на Jaguar, префрлувањето на струја има смисла на секој можен начин. Перформансите за коишто живееме остануваат недопрени. Технологијата зад него секој ден станува попаметна и поодржлива.

ЗОШТО JAGUAR?

ПЕРФОРМАНСИ ОД ТРКА НА ДРУМ

ПЕРФОРМАНСИ ОД ТРКА НА ДРУМ

Со лекциите што ги научивме од нашите трки со електрични автомобили, нашиот прв целосно електричен SUV, Jaguar I‑PACE, може да Ве однесе од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди (0-60 mph за 4,5 секунди). А тоа го прави скоро бесшумно со нулта емисија на издувни гасови.
ОБЛИКУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВА, ПОПАМЕТНА ИДНИНА

ОБЛИКУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВА, ПОПАМЕТНА ИДНИНА

Ги поместуваме границите на можното уште од 1935 година. Електричната енергија не го менува тоа. Всушност, таа нуди повеќе можности за реализација на нашата визија за поодржливо, попаметно доживување во возењето што ги опфаќа динамиката и дизајнот по коишто сме познати.

ГЛАВНИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД ПРЕФРЛУВАЊЕТО НА СТРУЈА

МАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ

МАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ

Струјата е поевтина од бензинот или дизелот. Исто така, добивате и значителни даночни олеснувања. И, во многу градови, без давачки за густ сообраќај, за емисија на издувни гасови или за паркинг, придобивките се зголемуваат.
ЕДНОСТАВНО И ПОГОДНО

ЕДНОСТАВНО И ПОГОДНО

Кога најголемиот дел од полнењето се врши во домашни услови, тогаш можете ефикасно да го планирате времето околу работите што сакате да ги правите. Едноставно, дополнувајте го преку ноќ и наутро сте спремни за пат.
НУЛТА ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

НУЛТА ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

Возилата што се движат само на батерии можат да постигнат максимална моќност со нулта емисија на издувни гасови. А со повеќе обновливи извори што се придодаваат на националната мрежа цело време. енергијата за електричниот автомобил станува почиста секоја година.
УНИКАТЕН ПОГОН

УНИКАТЕН ПОГОН

Технологијата за погон на струја не само што е неверојатно тивка, туку таа може да развие инстантно забрзување без задршка и без прекини поради менувањето степени на пренос. Ова значи уникатно глатко и чувствително доживување при возењето на сите брзини.

ТРИ ТИПА НА ЕЛЕКТРИЧНА МОЌНОСТ

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН (BEV)

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН (BEV)

Нашиот целосно електричен погонски систем добива моќност само од електромоторите и батеријата и дава виртуелно тивки перформанси на спортски автомобил со нулта емисија на издувни гасови.
ПЛАГ-ИН ХИБРИД (PHEV)

ПЛАГ-ИН ХИБРИД (PHEV)

PHEV возилата на Jaguar комбинираат мотор со електромотор и Ви ја даваат флексибилноста на нулта емисија на издувни гасови при секојдневни релации со перформансите на бензински мотор за подолги патувања.
ДЕЛУМЕН ХИБРИД (MHEV)

ДЕЛУМЕН ХИБРИД (MHEV)

Со пониската емисија на CO2 и намалената потрошувачка на гориво, префинетиот електрифициран погонски систем на MHEV го прави идеален за тргни-застани возење во градска средина.

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

Искусете го светот на електрифицирани перформанси на Jaguar со нашиот асортиман на целосно електрични и хибридни автомобили.
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ГИ ИСТРАЖУВАТЕ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА

ДО КАДЕ МОЖАМ ДА ОТИДАМ?

ДО КАДЕ МОЖАМ ДА ОТИДАМ?

Истражете сѐ што треба да знаете за максимирање на автономијата за возење и како најдобро да го искористите секое полнење.
МАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ

МАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ

Од даночни олеснувања и стимулации при купување до пониски тековни трошоци, поседувањето електричен автомобил може да Ви заштеди пари секој ден.
ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Полнење на Вашето целосно електрично или PHEV возило во домашни услови е најзгодниот начин за да го започнете денот со полна батерија.
ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

Благодарение на постојано растечката инфраструктура на јавните станици за полнење, полнењето на електрично возило кога сте на пат е најдостапно досега.

Jaguar Land Rover Limited постојано бара начини да ги подобри спецификацијата, дизајнот и производството на своите возила, делови и дополнителна опрема. Измените постојано се случуваат и оттаму, го задржуваме правото на измена без известување.


*Официјални вредности за потрошувачката на гориво: N/A (нема податоци); Вредности за I-PACE во kWh/100 km (миљи): Комбиниран циклус 22,0-25,2 (35,4-40,5). Емисија на CO2 0 g/km. Автономија во режим на ЕВ: до 470 km (292 миљи). Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


Погледнете ги WLTP вредностите за I-PACE


CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала и вградените додатоци.