Нашата посветеност кон иднината на програмата Classic Jaguar се олицетворува со нашиот целосно нов наменски изграден капацитет Classic - најголемиот од овој тип во светот.
Во најсовремениот објект со површина од 14.000m2 ги обединивме сите наши активности за програмата Classic под еден покрив. Овој објект се состои од 54 поединечни работилници и одделенија за расклопување, посебни работилници за мотори и простор за 480 возила.
Тука се сместени и нашите четири стручни екипи посветени на создавање и снабдување на Автентични автомобили, Сервис за сопствениците на возила, Оригинални делови и Classic Experiences.
За подетални информации
Јавете се на +44 (0)203 601 1255
или преку е-пошта info@classic.jaguar.co.uk
Оживување на историјата со прецизно обновување на класик возилата на Jaguar во ограничена серија, вклучувајќи го E‑type од серијата 1 и создавање нови оригинали вклучувајќи ги легендарните модели Lightweight E‑type и XKSS.