НОВ ДИЗЕЛ, БЕНЗИНСКИ ИЛИ ЕЛЕКТРИЧЕН?

Нашите тековни бензински мотори и новите дизел мотори се најчистите и најефикасните мотори што сме ги произвеле досега. Нашиот нов електричен погонски систем е иднината на возењето. Кој е вистинскиот за вас?

ИЗБОРОТ Е ВАШ

НОВ ДИЗЕЛ

НОВ ДИЗЕЛ

Најчисти досега, денешните дизел мотори на Jaguar нудат пониска потрошувачка на гориво со вртежен момент што е погоден за теренско возење и влечење. Тоа е комбинација што создава навистина сигурни перформанси на долги патеки.
БЕНЗИНСКИ МОТОР

БЕНЗИНСКИ МОТОР

Нашиот нов тип на бензински мотори што нудат динамично и агилно возење ја продолжуваат легендарната друмска реакција на Jaguar и имаат импресивно ниска потрошувачка на гориво и емисија на CO2.
ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОНСКИ СИСТЕМ (EV - Електрично возило)

ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОНСКИ СИСТЕМ (EV - Електрично возило)

Нашите софистицирани, целосно електрични погонски системи обезбедуваат високи перформанси со нулта емисија на издувни гасови. Со погонски систем составен од два електромотори со батерија што се полни со помош на регенеративното кочење и со приклучување на полнач, EV е возбудливата иднина на Jaguar .

ГЛАВНИ ПРИДОБИВКИ ОД НОВ ДИЗЕЛ, БЕНЗИНСКИ МОТОР И ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОНСКИ СИСТЕМ

НИСКА ЕМИСИЈА НА CO<sub>2</sub>

НИСКА ЕМИСИЈА НА CO2

Новите дизел мотори на Jaguar создаваат околу 20% пониска емисија на CO2 од бензинските мотори. Всушност, од 2002 година, купувачите што избираат дизел мотори спречиле скоро 3 милиони тони CO2 да се емитираат во атмосферата.
ВО СОГЛАСНОСТ СО НОРМИТЕ EU6d-TEMP И REAL DRIVING EMISSIONS (RDE - емисија на издувни гасови при реални услови на возење)

ВО СОГЛАСНОСТ СО НОРМИТЕ EU6d-TEMP И REAL DRIVING EMISSIONS (RDE - емисија на издувни гасови при реални услови на возење)

Новите дизел возила на Jaguar се во согласност со нормите EU6d-Temp и Real Driving Emissions (RDE - емисија на издувни гасови при реално возење) и значително ја намалуваат емисијата на издувни гасови во сите услови за возење. Ова значи дека тие се изземени од даноците за транспорт за зоната со ултра ниска емисија на издувни гасови во Лондон (ULEZ).
НАМАЛЕНА ЕМИСИЈА НА АЗОТНИ ОКСИДИ (NO<sub>x</sub>)

НАМАЛЕНА ЕМИСИЈА НА АЗОТНИ ОКСИДИ (NOx)

Од септември 2015 година, сите дизел модели на Jaguar имаат издувен систем со селективна каталитичка редукција (SCR) за дополнителна обработка на издувните гасови (на пр. со AdBlue) што се грижи за радикално намалување на емисијата на NOx.
НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

Дизел моторите имаат околу 20% помала потрошувачка на гориво од соодветните бензински мотори. Ако годишно изминувате околу 20.000 километри или повеќе, тогаш дизел моторот е поисплатлив избор за вас.
ВО СОГЛАСНОСТ СО НОРМИТЕ EU6d-TEMP И REAL DRIVING EMISSIONS (RDE - емисија на издувни гасови при реални услови на возење)

ВО СОГЛАСНОСТ СО НОРМИТЕ EU6d-TEMP И REAL DRIVING EMISSIONS (RDE - емисија на издувни гасови при реални услови на возење)

Новите бензински возила на Jaguar се во согласност со нормите EU6d-Temp и Real Driving Emissions (RDE - емисија на издувни гасови при реални услови на возење) и значително ја намалуваат емисијата на издувни гасови во сите услови за возење. Ова значи дека тие се изземени од даноците за транспорт за зоната со ултра ниска емисија на издувни гасови во Лондон (ULEZ).
ДИНАМИЧКО ДОЖИВУВАЊЕ ВО ВОЗЕЊЕТО

ДИНАМИЧКО ДОЖИВУВАЊЕ ВО ВОЗЕЊЕТО

Бензинските мотори на Jaguar мирно ја развиваат моќноста, имаат брза реакција и ви го нудат најенергичното доживување во возењето. Овие мотори се восхитувачка комбинација од беспрекорни перформанси и инспиративен звук на секаков број на вртежи на моторот.
НИСКА ЕМИСИЈА НА ЧЕСТИЧКИ

НИСКА ЕМИСИЈА НА ЧЕСТИЧКИ

Нашите најнови бензински мотори се опремени со ефикасни филтри што ги сопираат и заробуваат ултрафините честички кога издувните гасови минуваат низ нив. Овие филтри се грижат да се намали емисијата на издувните гасови што се испушта во атмосферата.
ПОНИСКИ ПОЧЕТНИ ТРОШОЦИ

ПОНИСКИ ПОЧЕТНИ ТРОШОЦИ

Иако дизел моторите вообичаено имаат помала потрошувачка на гориво, пониските почетни трошоци на соодветните бензински мотори често пати се поразумен избор за возачи што изминуваат мала километража и пократки релации.
НУЛТА ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

НУЛТА ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

Со нулта емисија на CO2 и автономија до 470 километри, не само што е поефтино да го полните Jaguar I‑PACE со гориво туку тој има и нулта емисија на идувни гасови. А со секојдневното приклучување на сè повеќе и повеќе обновливи извори на енергија на електричната мрежа, Jaguar I‑PACE како старее така станува и почист.
ПОГОДНОСТ И ПРИСТАПНОСТ

ПОГОДНОСТ И ПРИСТАПНОСТ

Во многу градови, на електричните возила им е дозволено да се движат по коловозни ленти и да се паркираат на места каде што на другите возила им е забранет пристапот. Исто така, тие се изземени од даноците поврзани со емисија на издувни гасови.
ДРЖАВНИ СТИМУЛАЦИИ

ДРЖАВНИ СТИМУЛАЦИИ

Електричните возила ги користат придобивките што ги обезбедува државата, локалните власти и бизниси за поддршка на движењето за најчисти погонски системи во светот. Тука спаѓаат и значително пониските даноци во споредба со соодветните бензински и дизел мотори.
НИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

НИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

Релативно ниската цена на струјата значи дека е поефтино да наполните со гориво еден целосно електричен автомобили. А со помалиот број на подвижни делови во погонскиот систем што бараат сервисирање тие се и поефитини за одржување.
НАШИТЕ НАЈЕФИКАСНИ МОТОРИ ДОСЕГА

НАШИТЕ НАЈЕФИКАСНИ МОТОРИ ДОСЕГА

Ingenium е фамилија на мотори од Jaguar Land Rover дизајнирана за беспрекорни перформанси, рафинираност и ефикасност. Со напредната технологија и целосно алуминиумската конструкција, моторот Ingenium ја балансира импресивната моќност со ниската потрошувачка на гориво.
БЕНЗИНСКИТЕ И ДИЗЕЛ МОТОРИТЕ СЕ ПОД ЛУПА

БЕНЗИНСКИТЕ И ДИЗЕЛ МОТОРИТЕ СЕ ПОД ЛУПА

Зашто дизел моторите се соочуваат со критики? Како ќе влијаат измените во законите на возилото што го користите секој ден? Прочитајте повеќе новитети за двата најпопуларни мотори во светот.

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

OPEN ALL
Што е погонски систем?
Колку време е потребно за да се наполни со енергија еден електричен автомобил?
Колкава е автономијата на еден електричен автомобил?
Кои се предностите на дизел моторот во однос на бензинскиот?
Како Jaguar Land Rover ја намалува емисијата на издувни гасови кај возилата?
Дали се дизел моторите чисти?
Што е филтер за дизел честички (DPF) и зошто е важен?

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ JAGUAR ЗА ВАС

Дали сте спремен да создадете еден Jaguar според вашиот животен стил, според вашиот стил на возење и според вашите финансиски очекувања? Едноставно, изберете едно возило од нашиот асортиман за да го започнете вашето ново патување со Jaguar.

*Вредностите за автономијата на EV - електричното возило се базираат на сериско возило по стандардизирана патека. Постигнатата автономија ќе се менува во зависност од состојбата на возилото и батеријата, актуелната патека и опкружување и стилот на возење.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до вредностите од реалното, секојдневно возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.