Со нашата служба за помош на пат добивате заштита во секое време и насекаде во Европа. Во првите три години од гарантниот период на Вашето возило, придобивките од оваа служба се без ограничување во километражата.
Во случај на дефект или незгода, достапни сме 24 часа во денот, 365 дена во годината:
Од +389 02 3181 371
Меѓународен број: +389 02 3181 371
Кога ќе ни се јавите, ќе Ве прашаме за
- Вашето име
- Вашата локација
- Бројот на регистрацијата или идентификацискиот број на возилото (VIN)
- Краток опис на проблемот
- Телефонски број за контакт
Општи услови за користење
Системот за помош на пат Jaguar Roadside Assistance е достапен во следните земји: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Гибралтар, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Косово, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Македонија, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција и Украина.
Во некои случаи може да се применуваат финансиски ограничувања – за подетални информации погледнете во Вашиот прирачник Придобивки од гаранцијата.
ПРИДОБИВКИ
СОБИРАЊЕ И ВЛЕЧЕЊЕ
ПОМОШ ПРИ ДЕФЕКТ
Ако не можете да го започнете или продолжите Вашето патување поради дефект или технички проблем (кога свети предупредувачка сијаличка) во една од овластените земји, тогаш службата за поддршка Jaguar Support ќе организира поправка на самото место ако тоа е можно (и ако е законски дозволено) во случај кога телефонската поддршка не е доволна. Ако поправка на самото место не е можна тогаш службата ќе Ви понуди влечење до најблискиот овластен продавач на JLR за да се изведе дијагностика или поправка.
Службата за помош Jaguar Assistance ќе Ви ја обезбеди потребната поддршка дури и во случаи за коишто Вие сте одговорен, како на пример празен резервоар или полнење на резервоарот со погрешно гориво, губење на клучевите или празен акумулатор.
ПОМОШ ПРИ НЕЗГОДА
Ако сте во една од овластените земји и не можете да го продолжите Вашето патување поради незгода, тогаш службата за помош на пат Jaguar Roadside Assistance ќе организира влечење до најблискиот одобрен сервисер на JLR во случај кога поправка на самото место не е можна.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИДОБИВКИ
ПОМОШ ПРИ ДЕФЕКТ
Заменско возило
Службата за помош Jaguar Assistance ќе Ви обезбеди заменско возило сѐ додека Вашето возило е на поправка и не се врати во Вашата земја. Имајте во предвид дека достапноста на возилата е предмет на локалните услови. Може да се применуваат условите за изнајмување на односните компании за изнајмување возила. Во зависност од локалните закони може да се бара и кредитна картичка при приемот на заменското возило.
АЛТЕРНАТИВИ
Такси превоз
Службата Jaguar Assistance ќе ги покрие трошоците за такси превоз до најблиската железничка станица или аеродром.
Железнички превоз
Во прва класа.
Авионски превоз
Во летови со економска или премиум економска класа.
АЛТЕРНАТИВИ
Сместување
Ако Ви треба дополнително сместување за да преноќите, тогаш службата Jaguar Assistance ќе ги покрие трошоците на едно ноќевање со појадок во хотел со 4 или 5 ѕвездички за сите патници од возилото или до 7 ноќевања под истите услови ако сте надвор од Вашата земја на живеење.
ПОМОШ ПРИ НЕЗГОДА
Во случај на незгода на пат можете да ги користите сите придобивки, но користењето на заменско возило е ограничено на максимум 2 работни дена од времето кога возилото од незгодата е однесено до одобрен сервисер.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Земање или враќање на поправено возило (дома/во странство)
Можете да изберете сами да го земете поправеното возило или службата Jaguar Assistance да го организира транспортот на поправеното возило до Вашата адреса на живеење или до дестинација по Ваш избор.
Транспорт на непоправено возило (дома/во странство)
Службата Jaguar Assistance ќе го организира транспортот на непоправеното возило до Вашата адреса на живеење или до дестинација по Ваш избор.
Погоре опишаните услуги се применуваат во случај на дефект или судар на пат.
Клаузули:
*Понудата е достапна од моделска година 2016 за Jaguar XF и XJ (не се применува за моделска година 2015) и од моделска година 2017 за Jaguar F-TYPE.
**Од датумот кога е активирана програмата.