I‑PACE CONCEPT

Претставување на I-PACE Concept, преглед на првиот целосно електричен спортски автомобил со пет седишта на Jaguar.

I-PACE Concept е повеќе од идеја. Тоа е преглед на нашиот прв сериски автомобил напојуван преку батерија, со што започнува нашата посветеност за создавање електрични возила коишто навистина се и возбудливи автомобили за возачот. Како што инвестираме во врвна технологија за возила со нулта емисија на издувните гасови, така и се грижиме возачите да дознаат повеќе за електричните атвомобили.

СМЕЛА НАДВОРЕШНОСТ

Со драматичните пропорции коишто ги овозможува електричната технологија, I-PACE Concept го развива уникатниот дизајн на ДНК на Jaguar во нова ера.

ДИЗАЈНОТ НА I‑PACE CONCEPT

Вистински Jaguar, пред сѐ, I-PACE Concept ја симболизира револуционерната иднина во електричните возила.

ДРАМАТИЧЕН СТИЛ

„Предизвикот беше да се дизајнира и создаде електрично возило коешто јасно и несомнено е Jaguar – возило коешто ќе покаже дека електричното возило може да биде автомобил за возачот и да ги возбудува сетилата“.
Ијан Калум, директор на дизајн

ПЕРФОРМАНСИ И ТЕХНОЛОГИЈА

I-PACE Concept ги комбинира перформансите и легендарната префинетост на Jaguar од коишто би очекувале навистина исполнето и возбудливо возење.

НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА

Технологијата е во срцето на I-PACE Concept, но сепак останува дискретна и целосно посветена на збогатување на уживањето на возачот и сопатниците.

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

На сликите е прикажано возилото I-PACE Concept. Сериското возило може да се разликува во стилот, завршните детали и вградените елементи за контрола за возачот.
Сите вредности за забрзувањето, моќноста, брзината, автономијата и полнењето се проценки на производителот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Сериските возила ќе се тестираат и сертифицираат пред да се пуштат на пазарот, со официјални вредности коишто ќе бидат достапни пред која било нарачка од клиентот.