Добитник на наградите Светски автомобил на годината, Светски дизајн на автомобил на годината и Светски зелен автомобил*. Дизајниран како електричен автомобил наспроти конвенциите за ЕВ, Jaguar I-PACE е еден од најпосакуваните автомобили.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛАЕлегантен и аеродинамичен. Впечатливиот резултат на ДНК на Jaguar, тркачката технологија од ФИА Формула Е и современиот британски дизајн.
I‑PACE креира нова слика за класичната рамнотежа што ја нуди Jaguar - фокус кон спортски автомобил и луксузна мајсторска изработка што создава пространа кабина со прекрасно интегрирана технологија.
Искусете ги одушевувачките перформанси на Jaguar со придобивките и безгрижноста што ги нуди нултата емисија на издувни гсови.
Понуда на модели што одговараат на Вашите потреби, меѓу другите и моделот I-PACE Black.
††Погледнете ги WLTP вредностите.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
Наградите Светски автомобил на годината, Светски дизајн на автомобил на годината и Светски зелен автомобил се добиени во 2019 година.
*Со помош на брз полнач со еднонасочна струја - DC со моќност од 100kW. Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: староста, температурата и постоечкиот степен на енергетско напојување на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.
1Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
2Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
Батеријата на I-PACE со капацитет од 90kWh има гаранција од 8 години или 160.000km (100.000 миљи) (кој било услов што ќе се исполни прв). Таа е откуплива во случај на каков било фабрички дефект или ако овластен продавач на Jaguar измери дека состојбата на батеријата паднала под 70 проценти од нејзината идеална состојба.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата на купување, од варијантата на моторот и трансмисијата.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.
Meridian е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е трговска марка на Trifield Productions Ltd.