JAGUAR ЕЛЕКТРИЗИРА

ОНА ШТО ГО УЧИМЕ НА ТРКАЧКАТА ПАТЕКА, ГО ПРЕНЕСУВАМЕ НА ПАТОТ.

Развојот на првата генерација на електрични друмски возила на Jaguar црпи инспирација од активностите на нашиот тркачки тим. Уште на самиот почеток ветивме дека земајќи го она што го учиме на тркачката патека ќе ги прилагодуваме технологиите за да понудиме перформанси за восхит на патот. Со нашиот влез во АББ шампионатот на ФИА во Формула Е и сега со создавањето на шампионатот Jaguar I-PACE eTROPHY го исполнуваме тоа наше ветување.