КОЛКУ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ?

Со автономија на батеријата до 470 km (292 миљи)* , едно полнење би било доволно за да може Jaguar I‑PACE да го помине неделниот просек на повеќето возачи.**


Сѐ што треба да знаете во врска со максимирањето на Вашата релација за возење со целосно електрично или плаг-ин хибридно (PHEV) возило.

КАЛКУЛАТОР ЗА АВТОНОМИЈАТА НА JAGUAR I-PACE

Во целосно електричен автомобил или кога користите режим за целосно електричен автомобил (ЕВ) во PHEV, Вашата батерија е единствениот извор на енергија за сѐ. Значи Вашиот стил на возење, опремата што ја користите во кабината, па дури и условите во коишто возите ќе влијаат на автономијата. Приспособете ги долунаведените поставки за да видите како влијаат на растојанието што може Jaguar I‑PACE да го помине во реални услови.
km
АВТОНОМИЈА ОД ЕДНО ПОЛНЕЊЕ
ПРИСПОСОБЕТЕ ГИ ДОЛУНАВЕДЕНИТЕ ПОСТАВКИ

ПРОФИЛ НА ВОЗЕЊЕ:

Во град: Поголемиот дел од Вашето возење се одвива во градски услови, во и околу градот, со просечна брзина на движење од 27 km/h (17mph).

УСЛОВИ ВО ВНАТРЕШНОСТА:

ДИМЕНЗИЈА НА ТРКАЛАТА:

НАДВОРЕШНА ТЕМПЕРАТУРА: 0

Потрошувачката на гориво: N/A (нема податоци). Емисија на CO₂: 0 (g/km). Автономија во режим за ЕВ: до 470 km (292 миљи). Вредностите за автономијата во режим за ЕВ се базираат на сериско возило по стандардизирана патека. Постигнатата автономија ќе се менува во зависност од состојбата на возилото и батеријата, актуелната патека, опкружувањето и стилот на возење.

КОЛКАВА Е АВТОНОМИЈАТА НА JAGUAR PHEV?

Батеријата во Jaguar PHEV може да постигне автономија до 55 km/34 миљи (Jaguar E‑PACE)1 и до 53 km/33 миљи (Jaguar F‑PACE)1 од едно полнење. Ова е совршено за секојдневни релации и возење низ град со нулта емисија на издувни гасови кога е во режим за целосно електрично возило (ЕВ).
КОЛКАВА Е АВТОНОМИЈАТА НА JAGUAR PHEV?

МАКСИМИРАЊЕ НА АВТОНОМИЈАТА НА ВАШИОТ ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН ИЛИ PHEV АВТОМОБИЛ

Изберете категорија за да видите како таа помага за максимирање на автономијата на целосно електричен или плаг-ин хибриден автомобил.

РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

Штом ќе го подигнете стапалото од педалот за гас, се активира интелигентен систем за регенеративно кочење. Овој систем комфорно ја намалува брзината на возилото додека ја претворува енергијата што се генерира за да се оптимизира автономијата на батеријата. Со притискање на педалот на кочниците се зголемува количината на енергијата што се собира.

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

Искусете го светот на електрифицирани перформанси на Jaguar со нашиот асортиман на целосно електрични и хибридни автомобили.
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ГИ ИСТРАЖУВАТЕ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Полнење на Вашето целосно електрично или PHEV возило во домашни услови е најзгодниот начин за да го започнете денот со полна батерија.
ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

Благодарение на постојано растечката инфраструктура на јавните станици за полнење, полнењето на електрично возило кога сте на пат е најдостапно досега.

Jaguar Land Rover Limited постојано бара начини да ги подобри спецификацијата, дизајнот и производството на своите возила, делови и дополнителна опрема. Измените постојано се случуваат и оттаму, го задржуваме правото на измена без известување.


*Официјални вредности за потрошувачката на гориво: N/A (нема податоци); Вредности за I-PACE во kWh/100 km (миљи): Комбиниран циклус 22,0-25,2 (35,4-40,5). Емисија на CO2 0 g/km. Автономија во режим на ЕВ: до 470 km (292 миљи). Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


Погледнете ги WLTP вредностите за I-PACE


**Просечни неделни релации: 264 km (164 миљи), врз основа на податоци за просечна годишна километража на возачот од следните извори во ОК и САД : http://www.racfoundation.org/motoring-faqs/mobility#a26 и www.fhwa.dot.gov/ohim/onh00/bar8.htm. Пресметката е извршена со правење на податоци за просечна петдневна километража и земање просек од групите на податоци во ОК и САД.


1 Официјални вредности за потрошувачката на гориво за F-PACE PHEV во l/100 km (mpg): Комбиниран циклус 2,2-2,5 (130,2-112,5). Емисија на CO2 49-57 g/km. Автономија во режим за ЕВ: до 53 km (33 миљи).

Официјални вредности за потрошувачката на гориво за E-PACE PHEV во l/100 km (mpg): Комбиниран циклус 2,0 (141). Емисија на CO2 44 g/km. Автономија во режим за ЕВ: до 55 km (34 миљи). Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисија на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


Погледнете ги WLTP вредностите за F-PACE
Погледнете ги WLTP вредностите за Е-PACE