АВТЕНТИЧНИ АВТОМОБИЛИ

Тежнееме кон целосна автентичност во сè што работиме - обновување, преработување па дури и електрифицирање на возилата што го направија Jaguar тоа што е.
ПРОГРАМАТА CONTINUATION

ПРОГРАМАТА CONTINUATION

По повеќе од шест децении од излегување на првото возило од производната лента, стручен тим од мајстори и инженери рачно ќе изработат 25 сосема нови возила D-type од програмата Continuation, со шестцилиндричен мотор XK. Легендарниот победник на трката во Ле Ман, D-Type стана третото возило од програмата Continuation (продолжение) што излезе од Jaguar Classic, погонот за класик модели на Jaguar, по моделите Lightweight E‑type и XKSS.
E‑TYPE ZERO

E‑TYPE ZERO

Имајте го најубавиот електричен автомобил во светот. E‑type Zero го донесува сиот шарм од 60-тите години во модерната ера благодарение на нашиот премин кон целосно електрични погонски системи од следната генерација.
REBORN

REBORN

Reborn ја нагласува нашата обврска кон чување на богатото минато на брендот Jaguar. А со купување на Reborn возило имате можност да бидете сопственик на Jaguar што е целосно обновен според неговата оригинална спецификација, од страна на нашиот тим од страстни и посветени експерти.
ПРОГРАМАТА WORKS LEGENDS

ПРОГРАМАТА WORKS LEGENDS

Нашата програма Works Legends нуди навистина уникатен начин за купување на користено Класик возило, во целост одобрено и потврдено од страна на нашите квалификувани техничари.

ТУРИСТИЧКА ОБИКОЛКА НА ПОГОНОТ НА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC

Туристичката обиколка на погонот Classic е уникатен преглед на овој историски бренд, неговата иднина и начинот на којшто го чуваме.