SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

Луксузот, перформансите и технологијата се издигнуваат на највисокото ниво за да се создадат уникатни Jaguar автомобили.

​Чудесни перформанси, ненадминат луксуз и најсовремена технологија. Одделението Special Vehicle Operations го демонстрира најдоброто од Jaguar преку низа од ексклузивни halo-модели што го носат знакот SV, колекционерски изданија во ограничена серија и проекти со уникатни инженерски решенија.​

НАШИТЕ ПОГОНИ

НАШИТЕ ПОГОНИ

SVO се наоѓа во нашиот сосема нов технички центар, вреден 20 милиони фунти, во Ворикшир (Warwickshire), Англија. Овој капацитет за специјално производство е центар за совршенство на Jaguar Land Rover и е дом на тим од 200 специјалисти за автомобили. Во централата на SVO со површина од 20.000m2 има повеќе од 40 инженерски оддели за испитување и постројка за бојадисување од светска класа.
SUV СО ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ

SUV СО ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ

Го содржи сиот луксуз и практичност на стандардниот F-PACE. Нашата возбудлива еволуција SVR, го ослободува вистинскиот потенцијал на возилото. 5.0-литарскиот V8 мотор со супер полнач, напредната аеродинамика и компонентите фокусирани кон перформанси го прават овој F-PACE најбрз досега.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО

НАШИТЕ СТРУЧНИ ЦЕНТРИ

Нашите SV стручни центри се витална дестинација за секој што сака да ги искуси нашите возила одблизу и да разговара со нашиот тим од SV експерти.

ВОЗИЛА ЗА ДЕМОНСТРАЦИЈА

ВОЗИЛА ЗА ДЕМОНСТРАЦИЈА

Дали сакате тест возење со возило од Jaguar SV? Нашите SV стручни центри нудат пристап до ремек делата на Jaguar SV преку изложените возила.
ЕКСПЕРТСКО ЗНАЕЊЕ

ЕКСПЕРТСКО ЗНАЕЊЕ

Поради своето неспоредливо познавање на производот, нашиот тим од SV специјалисти за продажба е совршениот партнер што ќе Ви помогне да го создадете Вашиот врвен Jaguar.
СПЕЦИЈАЛНО ОБУЧЕНИ ТЕХНИЧАРИ

СПЕЦИЈАЛНО ОБУЧЕНИ ТЕХНИЧАРИ

SV возилата се исклучително специјални и поради тоа бараат да им се посвети исто такво специјално внимание. Затоа во нашите Стручни центри се вработуваат само најспособните висококвалификувани техничари на Jaguar. Техничарите во SV Стручните центри посетуваат напредна обука за да осигураме дека Вашето возило ќе ја добие најдобрата можна нега.

ЛОЦИРАЈТЕ SV СПЕЦИЈАЛИСТ

Откако ќе го внесете Вашиот поштенски број изберете „SV specialist centres“ (SV стручни центри) од филтерот преку менито за услуги.