Едноделната хауба, подлабоката украсна маска, двојните фарови со „Ј“ потпис и пошироките отвори за воздух го збогатуваат динамичниот став на Jaguar F-PACE.
Го земавме во предвид секој детаљ од внатрешноста за да создадеме катче за релаксација за Вас и Вашите сопатници.
Изберете ја Вашата совршена комбинација од перформанси, стил и практичност.
Погледнете ги WLTP вредностите
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
1Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
2Воден волумен е индустрискиот стандард, чијашто вредност се добива кога багажниот простор ќе се наполни со течност. Волуменот се мери до таванот. Конфигурацијата и вкупниот волумен на багажниот простор се менуваат во зависност од спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот и дали возилото е опремено со резервно тркало со нормална димензија или со тенко резервно тркало.
3Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Amazon, Alexa и сите поврзани лого знаци се трговски марки на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За да користите Amazon Alexa треба да имате Amazon сметка.
MeridianTM е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е трговска марка на Trifield Productions Ltd.
Apple CarPlay е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење за крајниот корисник на Apple Inc.
Android Auto е трговска марка Google LLC.