МИЧ ЕВАНС (MITCH EVANS)
Мич Еванс го имаше своето деби во Светскиот шампионат во Формула Е со Jaguar во 2016 година. Почнал да се трка на возраст од 6 години, а на возраст од 16 години победил на Големата награда на Нов Зеланд, најмлад возач што победил на меѓународна трка за Голема награда. Во 2012 година Еванс ја освојува титулата во GP3, а следната година го освојува третото место во категоријата GP2. Во неговата најдобра сезона досега со четири победи и седум пати на подиумот, Еванс внесе неизвесност во шампионатот до последниот момент и сезоната ја заврши на извонредното второ место.