ЗИМСКИ ТРКАЛА И ПНЕВМАТИЦИ

ДОКАЖАНИ И ПОДГОТВЕНИ

Претставување на оригинални зимски тркала и одобрени пневматици на Jaguar.


Тестирани до екстреми во некои од најсуровите ладни и влажни опкружувања во светот за да го добијат статусот Одобрени. Ако можат да работат таму, тогаш можат да се справат со секојдневните релации во зимски услови.

ТЕСТИРАЊЕ СО ГОЛЕМА БРЗИНА ПО ВЛАЖНА ПАТЕКА

За да се гарантира најголем можен зафат на тркалата со подлогата дури и на силен дожд.

ТЕСТИРАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРА

За да докажеме дека нашите тркала можат да издржат температури од -40 °C до 80 °C и услови со релативна влажност од 100%.

ТЕСТИРАЊЕ ПО РАБНИЦИ

Возење со тркалата во рабник висок 150 mm со брзина од 40 km/h за да се гарантира дека можат да издржат неочекувани удари и да го задржат интегритетот на структурата.

ДОКАЖАНИ ДЕКА СОПИРААТ ПОРАНО

Да може да се застане брзо и под контрола станува дури и поважно на ладно и влажно време. Докажано е дека зимските пневматици што се одобрени од Jaguar имаат значително пократок пат на сопирање од нашите летни пневматици во зимски услови - патот на кочење се намалува до 64% кога возилото се движи со брзина од 60 km/h на пат прекриен со мраз.*


Оттаму, кога температурите значително ќе паднат ќе можете безбедно да возите.

ДОКАЖАНИ ДЕКА СОПИРААТ ПОРАНО

ОДОБРЕНИ ОД ЕУ

Зимските пневматици одобрени од Jaguar имаат две одобрени ознаки за квалитет што се стандардизирани, контролирани и одобрени од надлежните органи на ЕУ – „M+S“ и знакот „три планински врвови и снегулка“ – ги исполнуваат стандардите за употреба во тешки зимски услови.

КАЛ + СНЕГ (MUD + SNOW)
ТРИ ПЛАНИНСКИ ВРВОВИ И СНЕГУЛКА

РАЗГОВАРАЈТЕ СО НАС

Изберете ги вистинските зимски тркала и пневматици за Вашето возило без двоумење. Разговарајте со нашиот тим уште денес.

ДОДАТОЦИ

Персонализирајте го Вашиот Jaguar со богатата палета на додатоци што се специјално дизајнирани за Вашето возило.
ДОДАТОЦИ

*Резултатите од тестот се базираат на споредба на летни и зимски пневматици вградени во F-PACE додека вози по површина прекриена со мраз со брзина од 60 km/h.