COVID-19: ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА.

ИЗЈАВА ОД JAGUAR

Во срцето на нашата марка е духот на човековиот непокор.

Никогаш не било посоодветно време тој дух да дојде до израз.

Заедно ќе пребродиме.

Длабоко сме уверени дека ќе го најдеме вистинскиот пат до светла иднина за сите нас.

ДОСТАПНИ СМЕ ЗА ВАС

Почитувани клиенти и пријатели на Jaguar Land Rover,

Се надеваме дека сте добро во ова време на предизвици и дека се прилагодувате на новата нормала.
Нашата компанија Automobili Group e на располагање за сите ваши барања и потреби во врска со продажба и сервис на Jaguar Land Rover возила, со редовно работно време:
Продажба на возила:
8:30 – 18:00 часот (понеделник – петок); 9:00 – 14:00 часот (сабота)
Сервис и резервни делови:
8:30 – 16:30 часот (понеделник – петок); 9:00 – 14:00 часот (сабота)

ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРОПИШАНИТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ



Согласно препораките од Владата и Министерство за здравство, во објектите на Jaguar Land Rover Македонија се преземени низа на превентивни мерки, активности и процедури за заштита од COVID-19.

И понатаму, безбедноста на нашите вработени и клиенти е нашиот врвен приоритет. Кога ќе нè посетите, ќе забележите дека:
• во приемниот дел се достапни ракавици за една употреба, маски и средство за дезинфекција, ве молиме користете ги при влез во нашите објекти
• ја одржуваме безбедната дистанца од 2 m
• при прием во сервис клучот од возилото се заштитува со најлонска фолија или се остава во посебна кутија да отстои
• пред да се пристапи на сервис, на возилото се поставуваат заштитни навлаки за една употреба на воланот, рачката од менувач, седиштето и заштитна патосница, кои по завршување на интервенцијата се вадат
• возилата се чистат и дезинфицираат по секој контакт

Избегнуваме да се ракуваме, но љубезно ќе ве пречекаме. Се гледаме.
ЗАКАЖЕТЕ СЕРВИС

ЗАКАЖЕТЕ СЕРВИС

Ве молиме внесете ги Вашите податоци, нашиот тим набргу ќе ве контактира.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ВОЗИЛА НА ЛАГЕР

ВОЗИЛА НА ЛАГЕР

Откријте модели и проверете ги најновите понуди на автомобили
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ