СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА

Од модерни објекти за тестирање до историски проверки, одиме подалеку од сите во грижата за вашиот Jaguar. Нашиот Сервис за сопствениците на возила е екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили и има за цел да обезбеди гарантиран оригинален сервис, реставрација и помош за продажба за сите класик модели на Jaguar без оглед на нивната старост.

СЕРВИСИРАЊЕ

СЕРВИСИРАЊЕ

Редовното сервисирање е битен дел од одржувањето на класик возилата. Затоа создадовме уникатни опции за серивисирање коишто се копија на проверките изведувани во времето на производство на моделот и ги комбинираме со нашето денешно техничко знаење. Сите активности се запишуваат во вашата сервисна книшка од Jaguar Land Rover Classic Works што ќе ви помогне да ја одржувате вредноста на вашето возило и ќе го заштити вашиот имот.
ПРОВЕРКИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ВОЗИЛОТО

ПРОВЕРКИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ВОЗИЛОТО

Кога нашите клиенти прв пат ќе го донесат нивното возило во погонот на Jaguar Land Rover Classic им препорачуваме целодневна проверка на состојбата на возилото. Откако оваа сеопфатна визеулна проверка на 121 позиција на возилото ќе заврши, ви изготвуваме извештај со детали за сите потребни зафати и тоа според системот на итност во црвена, портокалова и зелена боја. За добро одржуваните автомобили достапна е и полудневна проверка.
РЕСТАВРИРАЊЕ

РЕСТАВРИРАЊЕ

Каква и да е физичката состојба на вашето возило, нашите стручни лица од одделението за класик возилата Classic ви стојат на располагање за да го вратат првобитниот раскош на возилото. Нашите услуги при реставрацијата се поделени во осум фази. Почетен преглед и проверка на деловите, расклопување, чистење, поправка на каросеријата и реновирање на деловите па сè до повторната склопување на возилото. Секоја фаза од реставрацијата е педантно изведена од страна на квалификувани техничари со што се гарантира за вкупната автентичност на вашето класик возило.
ОБНОВУВАЊЕ НА МОТОРОТ

ОБНОВУВАЊЕ НА МОТОРОТ

Истите вешти раце што ги создадоа оригиналните V12 мотори на Jaguar денес се тука за да помогнат и во обновувањето на моторите. Ова бескрајно знаење ги комбинира оригиналните техники со модерните процеси на Jaguar и ни дава можност да ги реконструираме моторите што се верни на нивното класик наследство но со прецизност од 21-от век.

ФОНДОТ JAGUAR HERITAGE TRUST

Одржување на извонредната колекција од епохални возила на Jaguar и обезбедување документација заедно со други услуги за истражување за да се поддржат сопствениците на историските возила на Jaguar.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ