5 НАЈГОЛЕМИ МОМЕНТИ НА JAGUAR
ВО МОТО СПОРТОТ

Jaguar во мото спортот патуваше од кривулестите патеки на релито Алпина до подиумот во Ле Ман, а во 2016 година доби нова стимулација стапувајќи на сцената во Формула Е. Време е да ги погледнеме петте најголеми моменти во историјата на мото спортот на Jaguar.

 

XK120: 1950 - 1952

 

По втората светска војна, Jaguar се прослави со моделот XK120. Овој модел имаше шестцилиндричен реден мотор со две брегасти вратила во главата на моторот што го направи одличен мотор за друмски трки – и беше најбрз автомобил од сериско производство во тоа време.

NUB120 беше можеби најпознатиот тркачки XK120. Возач беше Ијан Еплјард, а совозач му беше неговата сопруга Патриција „Пет“ Лајонс, ќерката сер Вилијам Лајонс, основачот на Jaguar. Возеа по Алпите на Алпина релито во 1950 година: друмска трка на издржливост што минува низ повеќе земји и преку неколку планински превои. Ијан Еплјард победи на оваа трка.

Ова беше првата од трите последователни победи на XK120, а Еплјард и неговата сопруга го повторија истиот подвиг во 1951 и 1952 година и го освоија Coup d’Or, пехар што беше освоен само три пати во 39-годишната историја на релито Алпина.


 

C‑TYPE: 1951 – 1953 ЛЕ МАН

 

Додека на планините владееше моделот XK120, на кружните патеки доминираше XK120C – попознат како C-type. C-type ја пресади механиката од XK120 во срцето на чистокрвен тркачки автомобил на Jaguar што се карактеризираше со лесна шасија изработена од цевки, ја дизајнираше инженерот Боб Најт, во којашто беше сместен 3.4-литарски шестцилиндричен реден мотор што развиваше моќност од 200bhp.





C-type ја постигна првата победа на Jaguar во Ле Ман со возачите Питер Вокер и Питер Вајтхед во 1951 година. Помеѓу C-type и неговиот наследник, моделот D-type, ќе има уште четири победи во следните седум години. Трката 24 часа Ле Ман се очекуваше да биде најуспешна во мото спортот на Jaguar.

 



Ле Ман во 1953 година беше можеби еден од најголемите успеси на C-type. Благодарение на нивните иновативни диск кочници, автомобилот можеше да кочи побрзо од кој било друг автомобил на крајот од 5,6km долгиот правец Mulsanne, често при брзина од 240km/h. Победничкиот автомобил, C-type со возачите Данкан Хамилтон и мајорот Тони Ролт, постигна просечна брзина од 169km/h (105mph) – за прв пат трката во Ле Ман се заврши со просечна брзина (во миљи на час) од трицифрен број. Автомобилите C-type завршија на прво, второ, четврто и девето место.

 

 

D‑TYPE: 1954 – 1957 ЛЕ МАН

 

Во 1954 година пристигна моделот D-type. Како што моделот C-type го трасираше патот со своите иновативни диск кочници, така D-type беше првиот автомобил со монокок конструкција во мото спортот. Прекрасна еволуција во однос на неговиот претходник, овој модел имаше дури и подобра аеродинамика – благодарение на дизајнерот Малколм Сејр.



 

За време на тестирањето во Ле Ман во пролетта 1954 година, моделот D-type успеа да го собори рекордот на една обиколка на патеката за пет секунди. Очекувањата од трката во таа година беа големи - а заврши на второто место, без оглед што експерименталните филтри за гориво беа причината за откажување на два од трите автомобили D-type. Во 1955 година конечно забележа победа.



 

Во 1956 година, автомобилите D-type на тимот Jaguar не успеаа да освојат место на подиумот, но затоа шкотскиот тим Ecurie Ecosse – исто така се натпреваруваше со моделот D‑type – успеа да победи. Фабричкиот тим на Jaguar се повлече од натпреварувањето по 1956 година, но победничката серија на D-type продолжи со тимот Ecurie Ecosse и американскиот тим Briggs Cunningham. Во 1957 година, шкотскиот тим постигна еден-два победа, а D-type заврши и на трето, четврто и шесто место. И како капак на сè, еден од нив го сруши и рекордот на патеката, постигнувајќи брзина од 288km/h (178.8mph) на правецот Mulsanne.

MARK I & II: 1958 – 1963

 

Иако не беа наменети за трка, Mark I и II блескаа на кружните патеки за туристички автомобили – каде што се тркаа секојдневните тркачки автомобили. Овие трки направија име за малите седан модели на Jaguar во приватните тимови, постигнувајќи успеси во британскиот шампионат за седан автомобили (BSCC) помеѓу 1958 и 1963 година. Во овој период, автомобилите на Jaguar не само што победуваа на повеќето трки, туку и редовно го освојуваа второто и третото место исто така. Автомобилите на Jaguar продолжуваа со успесите и на територијата на континентална Европа, со успех учествуваа во автомобилската трка Тур Де Франс каде што победуваа во категоријата туристички автомобили од 1959 до 1963 година.

 

 

XJR: 1982 – 1991

 

Еволуцијата на XJR започна под раководство на Боб Тулиус од Group 44 Racing, којшто претходно постигна успех во Америка со нивниот E‑type V12 Series 3 и моделот подготвен за трки XJ-S.

Моделот XJR-5 се роди во 1982 година и беше тркачки прототип со централно поставен V12 мотор, алуминиумска монокок конструкција со технологија на пчелино саќе и во заштитениот колорит со зелена и бела боја. На својата прва трка заврши на трето место и го започна развојот на програмата XJR прототип.

 

 

Во 1986 година, програмата за прототип возила се префрли во Обединетото Кралство под британскиот тим Том Вокиншо Рејсинг (TWR), којшто беше докажан во трките со XJ-S во европскиот шампионат за туристички автомобили (ETCC). TWR и моделот XJR-8 се покажаа како скоро непобедлива комбинација, победувајќи во осум од десет трки и го освоија шампионатот во 1987 година и во конкуренција на возачи и во конкуренција на тимови. Следната еволуција, XJR-9 – 7.0-литарски мотор со моќност од 750bhp – победи во шест од единаесет трки. Jaguar се врати на врвот на подиумот во Ле Ман за прв пат по 1957 година.

 

 

За сезоната 1989, TWR вгради V6 мотор со турбо полнач, мотор што ќе заврши во супер автомобилот XJ220. Меѓутоа, тоа не се случи сè додека XJR-12 и неговиот V12 мотор што на Jaguar уште еднаш му ја осигураа победата во Ле Ман, не постигна еден-два победа во 1990 година.

ИДНИНАТА НА JAGUAR RACING

 

И сега, приказната за Jaguar racing е спремна да продолжи. По искуството на патеките во Формула 1 во раните 2000-ти години - најдобри резултати беа третите места на Еди Ирвајн на трките за големите награди на Монако 2001 година и Италија 2002 година - Jaguar се враќа на тркачките патеки оваа година.


Формула Е става акцент на иновативната технологија и е идеална платформа за тестирање на електричната технологија и за усовршување на стручноста за иднината на возилата на Jaguar. Првиот Jaguar Formula E тим ќе влезе во шампионатот во сезоната 2016-17.