КОЛЕКЦИЈА НА КЛАСИК ВОЗИЛА НА JAGUAR

КОЛЕКЦИЈА НА КЛАСИК ВОЗИЛА НА JAGUAR

КОЛЕКЦИЈА НА КЛАСИК ВОЗИЛА НА JAGUAR

Во Jaguar сме бескрајно горди на нашето уникатно наследство и прекрасните, иновативни возила по коишто станавме славни. Како дел од нашата постојана ангажираност за зачувување на британското неверојатно автомобилско наследство имавме чест минатата година да ја збогатиме нашата постоечка колекција на возила со колкецијата на Џејмс Хал, најголемата позната приватна колекција на британски класик автомобили во светот.

д-р Џејмс Хал се опиша себе си како имам „страст за Jaguar-и“, успевајќи да собере 130 возила, дури и од нашите најрани модели вклучувајќи го оригиналот од 1920-тите години Swallow Sidecar, првото возило направено од основачот на Jaguar, Сер Вилијам Лајонс.

Чудесната колекција се одликува и со неверојатно ретки возила, како SS100, реткиот од легура XK120 и прекрасно обновените модели на Jaguar, XKSS и D-type. Во колекцијата има и една голема група на прекрасно зачувани детски автомобили на педали како и Jaguar Mark X во сопственост на Сер Вилијам Лајонс.

„Ни претставува големо задоволство што Jaguar Land Rover постигна договор со Џејмс Хал за осигурување на иднината на оваа многу значајна колекција на автомобили на Jaguar и британски автомобили“, кажа Џон Едвардс, директор на одделот Special Vehicle Operations на Jaguar. „Делиме иста цел со Џејмс, да ја задржиме оваа уникатна колекција во британски раце и воодушевени сме што овој договор ја осигурува грижата за неа во иднина“.

д-р Џејмс Хал со задоволство ја предаде грижата за својата колекција во рацете на Jaguar Land Rover. „Патувањето по целиот свет за да ја создадам колекцијата во текот на годините беше работа од љубов и животно дело. Основниот мотив ми беше да ја осигурам иднината на колекцијата во оваа земја... Тие се совршените чувари што ќе ја унапредат колекцијата и знам дека е во сигурни раце“.

Погонот Jaguar Classic ги води грижата и одржувањето. Селекција на возила од колекцијата можат да се видат во Музејот на британските автомобили во Гејдон и да се возат како дел од класик програмата Experience.