Со Обединетото Кралство како жариште на креативноста, нашата страст за дизајн и иновации изгледа многу британска и многу актуелна. Ангажирањето на сетилата за естетика отсекогаш било клуч на нашата филозофија. Толку силна, да нашиот модел E-type од 1960-тите години сè уште редовно се избира за најубавиот автомобил досега.
Денес нашата визија е дури и поширока. Создаваме и соработуваме на многу различни полиња и акитвно поддржуваме нови таленти. Тука во просторот на Jaguar дизајн, ќе ви дадеме увид во нашата работа, додека работиме.
Добриот дизајн секогаш треба да раскажува неодолива приказна. Веруваме дека улогата на дизајнот е да го направи животот подобар. Обезбедите едноставност таму каде што има конфузија, елеганција таму каде што има вознемиреност. Постојано ги поместуваме границите на можното, поставуваме предизвик пред нас и непрекинато се развиваме за да создаваме уникатни автомобили со коишто луѓето ќе чувствуваат силна емоционална поврзаност. Со дизајнот на нашите автомобили секогаш сакаме да постигнеме театрална мешавина од возбудливи пропорции, пренагласување и елеганција на обликот, заедно со извонредната моќност и перформансите на патот. Силуетата на Jaguar секогаш фасцинира. Малку екстремен и различен од другите автомобили. Jaguar не личи на ништо друго. Тој мора да ги воздбудива сетилата кога стои во место и кога се движи. Кога ќе влезете во Jaguar треба да почувствувате шанса и драма, каде што уметноста и перформансите совршено се комбинираат. Создаваме име како иноватори во дизајнот без да ја нарушиме нашата оригинална мотивација, да се постигне чиста елеганција, возбуда, прекрасни пропорции и перформанси, секој пат. Сè што можеме да замислиме, можеме и да го создадеме.