ПОВРЗУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ ВО ЖИВО И УСЛУГИТЕ ЗА ПРОСЛЕДУВАЊЕ

ПОВРЗУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ ВО ЖИВО И УСЛУГИТЕ ЗА ПРОСЛЕДУВАЊЕ

Пристапете до Вашите омилени платформи за проследување и информации без да го користите Вашиот паметен телефон.

ВГРАДЕНИ АПЛИКАЦИИ ВО ЖИВО

Секогаш бидете во тек со инстант вести и временска прогноза што се пренесуваат во живо на Вашиот екран на допир1,2.

1. ИЗБЕРЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ

1. ИЗБЕРЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ

За да изберете и да пристапите до апликациите во живо изберете го менито „Extra Features“ (дополнителни функции) на екранот на допир на Вашиот Jaguar.
2. ПРИЈАВУВАЊЕ

2. ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавете се со помош на е-поштата и лозинката на Вашата сметка на InControl. Можете да изберете и псевдоним и да поставите ПИН за пријавување без да треба да ги користите податоците од Вашата сметка секој пат. Ако не сте пријавени Вашите податоци нема да се сочуваат.
3. АЖУРИРАЊЕ

3. АЖУРИРАЊЕ

Ако се појави зелена стрелка насочена надолу на плочката „Update“ (ажурирање) тоа значи дека се достапни ажурирања.

ВАШИ МОБИЛНИ УСЛУГИ ЗА ПРОСЛЕДУВАЊЕ

Поврзете ја Вашата сметка на InControl со музика и содржини од Вашата сметка на Spotify.

1. ПРИЈАВУВАЊЕ НА INCONTROL

1. ПРИЈАВУВАЊЕ НА INCONTROL

Пријавете се на веб-локацијата My Jaguar InControl и одете на картичката „My Account“ (моја сметка).
2. ПОВРЗЕТЕ СМЕТКИ

2. ПОВРЗЕТЕ СМЕТКИ

Кликнете на менито „Connected Accounts“ (поврзани сметки), изберете провајдер и кликнете „Connect“ (поврзи).
3. ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ ПРОВАЈДЕР ОД ТРЕТА СТРАНА

3. ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ ПРОВАЈДЕР ОД ТРЕТА СТРАНА

Сега ќе одите до провајдер на трета страна,* до неговата локација за пријавување. Користете ги податоците за пријавување што сте ги креирале со избраниот провајдер а не Вашите податоците за пријавување на InControl.
4. ПРИСТАП ДО ВГРАДЕНИТЕ АПЛИКАЦИИ ВО ЖИВО

4. ПРИСТАП ДО ВГРАДЕНИТЕ АПЛИКАЦИИ ВО ЖИВО

Откако успешно ќе ја поврзете Вашата сметка, до неа можете директно да пристапите од Вашето возило преку „Source“ (извор) а потоа „Online Media“ (онлајн медиа).

Карактеристиките на InControl, опциите, услугите од трети страни и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.  


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.  


Само компатибилни паметни телефони.  


Apple CarPlayTM е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење за крајниот корисник на Apple Inc.

Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay можете да ги погледнете подеталните информации


®Android Auto е трговска марка на Google LLC.

Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На https://www.android.com/auto/ можете да ги погледнете подеталните информации.


1Сите апликации во живо не се достапни за сите возила, проверете со Вашиот продавач. 


2Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.