За да ги овозможите поврзаните услуги на Jaguar и претплатите прво треба да активирате Ваша сметка на InControl. Ако сте купиле нов Jaguar, Ви препорачуваме да го контактирате Вашиот продавач за да Ви помогне во процесот на активирање.
Следете го долунаведениот едноставен процес за саморегистрација.
Обрнете внимание, ако во таванската конзола свети копчето (икона со рачвест клуч) за услугата Optimised Jaguar Assistance, контактирајте го Вашиот продавач за помош.
Откако Вашиот продавач ќе го почне процесот за Вашата регистрација на InControl, ќе добиете е-пошта со врска за комплетирање на Вашиот процес за активирање.
Ако не сте добиле е-пошта за активирање од Вашиот продавач, проверете ја Вашата папка за спам пошта.
Добивајте временска прогноза и онлајн медиа директно на Вашиот екран на допир7. Не Ви треба мобилен уред.
Од фиокарот со апликации на Вашиот систем за информации и забава изберете ја иконата „Connect Accounts“ (поврзи сметки) и пронајдете ја апликацијата што сакате да ја поврзете. Можете или да го скенирате кодот QR со Вашиот паметен телефон или да изберете „Email Me“ (испрати ми е-пошта) за да испратите врска од локацијата за пријавување до Вашата е-адреса.
Откако ќе се поврзете, веднаш можете да ја користите услугата во Вашето возило. Поврзаните услуги ќе се појават како икона во фиокарот со апликации, како медиумски извори во медиа плеерот или како активен календар во апликацијата Agenda.
Со пакетот Smartphone во Вашето возило можете погодно да ги користите апликациите преку Apple CarPlayTM 3 и Android AutoTM 4.
Едноставно поврзете го Вашиот уред со екранот на допир преку Bluetooth или потврден USB кабел.
За Apple CarPlayTM 3, уверете се дека ја имате најновата верзија на iOS и дека Siri ® е овозможено на Вашиот iPhone. За Android AutoTM 4, уверете се дека ја имате најновата верзија на апликацијата Android Auto и дека услугата Google voice assistant е овозможена на Вашиот Google уред.
Набљудувајте ја сигурноста, подготвеноста и статусот на Вашиот Jaguar од Вашиот паметен телефон со апликацијата Remote8. Ако сте се регистрирале за Secure Tracker, тогаш ќе Ви треба апликацијата Remote за да добивате знаци за тревога при кражба.
Обрнете внимание, функциите на апликацијата Remote можат да се користат само откако ќе активирате Ваша сметка на InControl преку веб-локацијата My Jaguar Incontrol.
Не, Вашето возило доаѓа со вградена СИМ картичка што овозможува користење на:
1. Поврзани функции/услуги на системот Поврзана навигација1
2. Wi-Fi хот-спот6
3. Функции/услуги на пакетот Online2
Овие услуги бараат важечка претплата. Мобилните податоци се вклучени во претплатата, така што нема потреба од никакви дополнителни договори или СИМ картички сè додека трае претплатата.
Карактеристиките на InControl, опциите, услугите од трети страни и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Само компатибилни паметни телефони.
1Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
2За пакетот Online се бара 12-месечна претплата. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето. Достапно само на поврзаните пазари, проверете со Вашиот продавач. Пакет Online за пакети со спецификација S и повисоки.
3Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. Наhttps://www.apple.com/ios/feature-availability/#apple-carplayможете да ги погледнете подеталните информации.
4Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. Наhttps://www.android.com/auto/можете да ги погледнете подеталните информации.
5Amazon Alexa е достапен само на одредени пазари. Amazon, Alexa, Amazon Music, Audible и сите односни марки се трговски марки на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За пакетот Online се бара 12-месечна претплата. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето. Достапно само на поврзаните пазари, проверете со Вашиот продавач. Пакет Online за пакети со спецификација S и повисоки.
6Се применува политиката за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот.
7Сите апликации во живо не се достапни за сите возила, проверете со Вашиот продавач.
8Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Jaguar Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.