Поврзан говор

Поврзан говор

Издигнувајќи ги погодноста и комфорот на ново ниво, функцијата за поврзан говор на Jaguar Ви овозможува да ги контролирате Вашите системи за навигација, клима уред, телефонските повици и други системи со Вашиот глас. Дури и кога сте исклучен од мрежата одредени команди остануваат активни и достапни на секое патување.1.

АКТИВИРАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ПОВРЗАН ГОВОР

Има два начина за пристап до функцијата поврзан говор во Вашиот Jaguar.  


1. За да ги разбудите елементите за контрола на Вашето возило со помош на командата „Hey Jaguar“ (Еј Јагуар), едноставно одете на Settings (поставки) > All settings (сите поставки) > General (општо) > Voice Settings (поставки за глас) > Wake Word ON (збор за будење ВКЛУЧЕНО). Вашиот избор на зборот за будење може да се одреди и во Voice Settings (поставки за глас).  


2. Од друга страна, накратко притиснете го копчето Voice (глас) на воланот за да започнете со гласовна команда.  


За да го извлечете најдоброто од функцијата поврзан говор кога патувате уверете се дека сте пријавени во Вашата сметка на InControl.

АКТИВИРАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ПОВРЗАН ГОВОР

Може да се применува политика за фер користење. Стандардна претплата од 1 година, што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.  


Карактеристиките на InControl, опциите, услугите од трети страни и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.  


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.  


Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.  


1За пакетот Online се бара 12-месечна претплата. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето. Достапно само на поврзаните пазари, проверете со Вашиот продавач. Пакет Online за пакети со спецификација S и повисоки.