УПАТСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА TOUCH PRO

УПАТСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА TOUCH PRO

1. АКТИВИРАЈТЕ ВАША СМЕТКА НА INCONTROL

За да ги овозможите поврзаните услуги на Jaguar и претплатите прво треба да активирате Ваша сметка на InControl. Ако сте купиле нов Jaguar, Ви препорачуваме да го контактирате Вашиот продавач за да Ви помогне во процесот на активирање.

СТЕ КУПИЛЕ ОДОБРЕН КОРИСТЕН JAGUAR?

Следете го долунаведениот едноставен процес за саморегистрација.


Обрнете внимание, ако во таванската конзола свети копчето (икона со рачвест клуч) за услугата Optimised Jaguar Assistance, контактирајте го Вашиот продавач за помош.

СТЕ КУПИЛЕ ОДОБРЕН КОРИСТЕН JAGUAR?

РЕГИСТРАЦИЈА НА INCONTROL

Регистрација кај продавачот

Регистрација кај продавачот

Откако Вашиот продавач ќе го почне процесот за Вашата регистрација на InControl, ќе добиете е-пошта со врска за комплетирање на Вашиот процес за активирање.  


Ако не сте добиле е-пошта за активирање од Вашиот продавач, проверете ја Вашата папка за спам пошта.

Саморегистрација

Саморегистрација

Ако сте купиле користен Jaguar или Вашиот продавач не Ве регистрирал за сметка, следете ја долунаведената врска.  


Пред да почнете, уверете се дека Вашиот Jaguar е паркиран во област со добра мрежна покриеност и дека регистарскиот број и VIN бројот Ви се при рака.

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ АКТИВИРАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

Откако успешно ќе го завршите поставувањето на InControl, на адресата за е-пошта ќе добиете потврда за Вашите активни услуги.


Следниот пат кога ќе го стартувате Вашето возило сијаличките на копчињата за ЅОЅ Итен повик и за функцијата Optimised Jaguar Assistance ќе светат.

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ АКТИВИРАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

2. ПОДГОТВЕТЕ ЈА ВАШАТА ПОВРЗЛИВОСТ

ИНСТАЛИРАЈТЕ СИМ КАРТИЧКА

ИНСТАЛИРАЈТЕ СИМ КАРТИЧКА

Во зависност од Вашиот систем, СИМ картичката треба да се вметне во отворот со знак „SIM“ или „MICRO SIM“ во централната конзола. Уверете се дека СИМ картичката е целосно вметната со златните конектори насочени нагоре.
ПОВРЗЕТЕ СЕ НА ПОДАТОЦИ

ПОВРЗЕТЕ СЕ НА ПОДАТОЦИ

Вклучете ги мобилните податоци - Откако ќе инсталирате, одете на иконата за поставки во кој било екран > „All settings“ (сите поставки) > „Features“ (функции) > „Connectivity“ (поврзливост) > „Mobile Data ON“ (мобилни податоци ВКЛУЧЕНО).  


Воспоставете поврзливост - На Вашиот екран сега ќе се прикаже иконата 4G или Wi-Fi. Имајте во предвид дека на Вашиот екран можеби ќе му требаат до две минути за да прикаже „Reading SIM“ (читање на СИМ картичката) во „Mobile Data“ (мобилни податоци).

3. ПОДГОТВЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ НА ВАШИОТ СИСТЕМ ЗА НАВИГАЦИЈАТА

Кога за прв пат го користите системот за навигација ќе добиете барање да креирате Ваш профил и сметка. Ова Ви дозволува да сочувате омилени дестинации и претходни патувања, како и да овозможите дополнителни функции на системот за поврзана навигација.

КРЕИРАЈТЕ ПРОФИЛ

КРЕИРАЈТЕ ПРОФИЛ

Откако ќе му дадете име на Вашиот профил, се бара да одите на крај на страницата. Сега треба да изберете „Turn on all features“ (вклучи ги сите функции) - тука спаѓаат историјат на патувањата и сообраќајни информации во реално време - или „Continue offline“ (продолжи офлајн) за да ги оневозможите сите функции на системот поврзана навигација. Профилот е потребен за да се дозволи повеќе од еден корисник на системот за навигација. За да го користите системот мора да се креира барем еден профил.
КРЕИРАЈТЕ СМЕТКА

КРЕИРАЈТЕ СМЕТКА

Откако ќе креирате профил можете да креирате сметка преку избирање „Sign in“ (пријави се) на главниот екран на навигацијата. Се бара да прифатите ги „Navigation Terms and Conditions“ (услови за користење на навигацијата), до коишто можете да пристапите со внесување на дадена УРЛ адреса во Вашиот прегледувач.  


Сметката за навигација Ви дозволува да го преземате најновото ажурирање за мапите и да ги споделувате местата од интерес и проценетото време на Вашето пристигнување ЕТА со пријателите и семејството. Ќе можете и да испраќате дестинации директно до Вашето возило преку апликацијата или веб-локацијата на планерот на патеки InControl Route Planner.

4. СИНХРОНИЗИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ УРЕДИ И АПЛИКАЦИИ

ПОВРЗЕТЕ СЕ НА ВАШИОТ ТЕЛЕФОН ПРЕКУ BLUETOOTH

ПОВРЗЕТЕ СЕ НА ВАШИОТ ТЕЛЕФОН ПРЕКУ BLUETOOTH

Bluetooth технологијата Ви овозможува далечински да поврзете компатибилен мобилен телефон и неговите апликации со Вашиот Jaguar. Уредот потоа може да се контролира со гласовно командување, од воланот или од екранот на допир. 


За подетални информации во врска со спарување на Вашиот телефон преку bluetooth посетете го нашиот центар за поврзливост.

ПОВРЗЕТЕ СЕ НА APPLE CARPLAY ИЛИ ANDROID AUTO

ПОВРЗЕТЕ СЕ НА APPLE CARPLAY ИЛИ ANDROID AUTO

Со пакетот Smartphone во Вашето возило можете погодно да ги користите апликациите преку  Apple CarPlayTM 1 и Android AutoTM 2.


Едноставно поврзете го Вашиот уред со екранот на допир преку Bluetooth или потврден USB кабел.  


За  Apple CarPlayTM 1, уверете се дека ја имате најновата верзија на iOS и дека Siri ® е овозможено на Вашиот iPhone. За  Android AutoTM 2, уверете се дека ја имате најновата верзија на апликацијата Android Auto и дека услугата Google voice assistant е овозможена на Вашиот Google уред.

ПОВРЗЕТЕ СЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ ВО ЖИВО ВГРАДЕНИ ВО ВАШЕТО ВОЗИЛО

ПОВРЗЕТЕ СЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ ВО ЖИВО ВГРАДЕНИ ВО ВАШЕТО ВОЗИЛО

Добивајте временска прогноза, вести и онлајн медиа директно на Вашиот екран на допир. Не Ви треба мобилен уред.3

НАБЉУДУВАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО ДАЛЕЧИНСКИ

Набљудувајте ја сигурноста, подготвеноста и статусот на Вашиот Jaguar од Вашиот паметен телефон со апликацијата Remote. Ако сте се регистрирале за Secure Tracker, тогаш ќе Ви треба апликацијата Remote за да добивате знаци за тревога при кражба.


Обрнете внимание, функциите на апликацијата Remote4 можат да се користат само откако ќе активирате Ваша сметка на InControl преку веб-локацијата My Jaguar Incontrol.

НАБЉУДУВАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО ДАЛЕЧИНСКИ

ИМАВТЕ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ВАШИОТ TOUCH PRO?

Нашата секција Најчести прашања можеби веќе го има одговорот.

ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО ОД СИСТЕМОТ ЗА ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА НА ВАШИОТ JAGUAR

УПРАВУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ ПРЕТПЛАТИ

УПРАВУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ ПРЕТПЛАТИ

Добијте брз пристап до деталите на Вашата претплата за InControl.
ВЕБ-ЛОКАЦИЈА INCONTROL ROUTE PLANNER

ВЕБ-ЛОКАЦИЈА INCONTROL ROUTE PLANNER

Планерот за патеки InControl Route Planner Ви овозможува да ги планирате Вашите патеки и да сочувате дестинации и места. Кога Pro услугите се вградени како дел од Вашиот пакет InControl, тогаш до овие патеки можете да пристапите подоцна од Вашиот автомобил.
АПЛИКАЦИЈА INCONTROL ROUTE PLANNER

АПЛИКАЦИЈА INCONTROL ROUTE PLANNER

Проширете ги можностите за планирање на патувања на Вашиот систем за навигација од Touch Pro со правците за пешачење или јавен превоз на планерот за патеки за Вашиот паметен телефон.

Карактеристиките на InControl, опциите, услугите од трети страни и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.  


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.  


Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.  


Само компатибилни паметни телефони.  


1Apple CarPlayTM е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење за крајниот корисник на Apple Inc. Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay можете да ги погледнете подеталните информации


2Android Auto е трговска марка на Google LLC. Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На https://www.android.com/auto/ можете да ги погледнете подеталните информации.


3Сите апликации во живо не се достапни за сите возила, проверете со Вашиот продавач. 


4Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Jaguar Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.