АЖУРИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ СИСТЕМ ЗА ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА TOUCH PRO

АЖУРИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ СИСТЕМ ЗА ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА TOUCH PRO

Ажурирањето на софтверот во Вашиот Jaguar Ви дава пристап до најновите карактеристики и услуги на Вашиот систем за информации и забава.1

КАКО ДА ОВОЗМОЖИТЕ БЕЗЖИЧНО АЖУРИРАЊЕ НА СОФТВЕРОТ

1. ПОВРЗУВАЊЕ

1. ПОВРЗУВАЊЕ

Притиснете ја иконата „Settings“ (поставки) на Вашиот екран на допир и изберете „All Settings“ (сите поставки). Продолжете на менито „Connectivity“ (поврзливост) и вклучете ги („On“) Вашите мобилни податоци или активирајте ја Wi-Fi мрежата на Вашето возило.
2. ВКЛУЧУВАЊЕ

2. ВКЛУЧУВАЊЕ

Вратете се на „All Settings“ (сите поставки) и изберете „Software update“ (ажурирање на софтверот). Ова мени ви ја дава опцијата да го вклучите ажурирањето на софтверот. Ако ажурирањето е исклучено, тогаш едноставно притиснете го копчето за напојување за да го вклучите („On“) ажурирањето на софтверот.
3. ПРИФАЌАЊЕ

3. ПРИФАЌАЊЕ

Оваа функција е предмет на условите за користење. Ако сте ги прочитале и прифатиле условите за користење, изберете „Agree“ (се согласувам) во скок прозорецот за да го овозможите ажурирањето на софтверот.

КАКО ДА СЕ ИНСТАЛИРА НАЈНОВОТО АЖУРИРАЊЕ

1. ПОЧНЕТЕ СО АЖУРИРАЊЕТО

1. ПОЧНЕТЕ СО АЖУРИРАЊЕТО

Одете на „Settings“ (поставки) > „All Settings“ (сите поставки) > „Software update“ (ажурирање на софтверот) и притиснете на „Check for update“ (провери дали има ажурирање). Ако е достапно ажурирање, тогаш ќе се појави скок прозорец на Вашиот екран на допир со три опции: „Install now“ (инсталирај сега), „Remind me later“ (потсети ме подоцна) или „Skip update“ (прескокни го ажурирањето).
2. ИНСТАЛИРАЊЕ

2. ИНСТАЛИРАЊЕ

Ажурирањето ќе започне откако ќе притиснете на „Install now“ (инсталирај сега) и ќе се согласите на условите за користење. Можете да продолжите нормално да го користите Вашето возило додека се ажурира системот InControl Touch Pro.
3. КОМПЛЕТИРАЊЕ

3. КОМПЛЕТИРАЊЕ

Откако ќе успешно ќе заврши процесот на ажурирање ќе добиете известување на Вашиот екран на допир. Вашето возило сега е ажурирано со најновата верзија на софтверот.

НАПОМЕНИ ЗА ИЗДАНИЕТО НА АЖУРИРАЊЕТО НА СОФТВЕРОТ

Преку следните врски можете да пронајдете подетални информации за содржината на секое издание на софтвер.


ИМАВТЕ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО СИСТЕМОТ ЗА ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА ВО ВАШИОТ JAGUAR?

Нашата секција Најчести прашања можеби веќе го има одговорот.

Не можат сите возила да бидат ажурирани преку технологијата OTA (Over-The-Air).  


1Ажурирањето е предмет на согласност на сопственикот/возачот. Потребна е поврзаност со мрежата.