АЖУРИРАЊЕ НА СОФТВЕР

Екран на допир на системот за инфозабава на Jaguar

Вашиот Jaguar можете да го ажурирате преку Вашиот систем Pivi Pro. Ажурирањата на Вашето возило ќе Ви ги обезбедат најновите функции и ќе гарантираат врвна стабилност во сите сегменти на Вашето возило, вклучувајќи ги моторот, трансмисијата, електрониката во внатрешноста и системите за инфозабава. Некои сигурносни ажурирања на софтвер сега може да се изведат и безжично.

БЕЗЖИЧНО АЖУРИРАЊЕ НА СОФТВЕР

Девојка поминува покрај портата за полнење на автомобилот
Девојка поминува покрај портата за полнење на автомобилот
Девојка поминува покрај портата за полнење на автомобилот

КАКО ДА АЖУРИРАТЕ

Пред ажурирање затворете ги сите прозорци, заклучете го возилото и вклучете го алармот. Оставете го возилото за временски период што е прикажан во известувањето во скок прозорецот.


Ако е избрано ажурирање сега возилото ќе почека 10 минути пред да започне со процесот на ажурирање. Со стартување на возилото во овој период ќе се поништи овој обид за ажурирање. Кога е распоредено, автомобилот ќе започне со ажурирањето во закажаното време.


Возилото ќе изведе безбедносни проверки пред да го примени ажурирањето, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на:


  • Степен на наполнетост на батеријата од 12V.
  • Сигурносната состојба на возилото, вклучувајќи положба на прозорците, заклучена состојба, активирана паркинг кочница.
  • Достапна поврзливост.
  • Степен на наполнетост на високонапонска ВН батерија (ако се применува) над 25%.
  • PHEV/BEV возило во моментот не се полни*.


Ако кој било од условите не е исполнет ажурирањето нема да продолжи. Екранот за ажурирање на софтверот ќе понуди водич за решавање на проблемот пред друг обид.


Ако се исполнети сите услови возилото ќе започне со ажурирањето.


Во текот на ажурирањето нема да можете да го користите возилото. Тоа може да трае од 30 до 90 минути. Повеќето системи на возилото не се на располагање во текот на ажурирањето, но ќе можете да го отклучите/заклучите и да пристапите до возилото. За возила со отскокнувачки рачки на вратите погледнете во прирачникот како да ракувате со нив.

КОМПЛЕТИРАЊЕ

По враќање во Вашето возило сите системи во возилото ќе започнат со нов софтвер. Известување ќе Ве информира за успешно ажурирање, екранот за ажурирање на софтвер сега ќе го прикажува бројот на новата верзија како и текст со напомена за изданието што ги објаснува сите измени и подобрувања.

AMAZON ALEXA

Користете ја услугата Alexa да ги контролирате Вашиот систем за навигација и музиката, вклучувајќи го Spotify, природно и интуитивно со Вашиот глас. Оваа услуга е вградена во нашиот систем за инфозабава Pivi Pro така што тој е брз, чувствителен и едноставен за користење.

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА АЖУРИРАЊЕ СОФТВЕР

ОТВОРИ ГИ СИТЕ
Неодамна го преземав мојот автомобил и мојот екран за ажурирање на софтверот е празен, нешто не е во ред?
Кога моето возило добива ажурирање?
Моето возило штотуку се ажурира во верзија што е постара од најновото издание. Дали нешто не е во ред?
Не можам да продолжам со моето ажурирање?
Што прави системот за да гарантира дека ажрурирањата на софтверот се применуваат безбедно?

НАПОМЕНИ ЗА ИЗДАНИЕТО НА ВЕРЗИЈАТА НА СОФТВЕРОТ ЗА PIVI

ОТВОРИ ГИ СИТЕ
OS 4.0.0
OS 4.0.1
OS 4.1.0
OS 4.1.1
OS 4.1.3
OS 4.1.4
OS 4.1.5
OS 4.1.6 - XCL
OS 4.2.0- XCL
OS 4.2.1
OS 4.3.0

НАПОМЕНИ ЗА ИЗДАНИЕТО НА ВЕРЗИЈАТА НА СОФТВЕРОТ ЗА TOUCH PRO

ОТВОРИ ГИ СИТЕ

ИМАВТЕ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО СИСТЕМОТ ЗА ИНФОЗАБАВА ВО ВАШИОТ JAGUAR?

Нашата секција Најчести прашања можеби веќе го има одговорот.