Нашиот SUV со врвни перформанси.
Напредната платформа Electronic Vehicle Architecture (EVA 2,0), рекалибрираната управливост и реакцијата на педалот за гас, како и новата функција Динамично тргнување му овозможуваат на F-PACE SVR да постигне исклучителни перформанси.
Искусете го остриот и бескомпромисен грмежлив звук на F-PACE SVR што се добива со Aктивниот издувен систем со променлив вентил.
Поголемите отвори за влез на воздух, поголемите отвори за воздух на хаубата, на крилата и поголемиот заден спојлер го намалуваат отпорот на воздухот и обезбедуваат подобра управливост.
Предни и задни седишта од типот Performance со полуанилинска кожа, нов волан и интуитивен систем за информации и забава во автомобил, Pivi Pro.
** Погледнете ги WLTP вредностите
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.