Добредојдовте во нашиот SUV со врвни перформанси што се карактеризира со V8 мотор со супер полнач и агилност водечка во класата.
ЕМИСИЈА НА CO2 ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС g/km
Од 260†
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС l/100km
Од 11,4†
F-PACE SVR е врвниот модел на нашата наградувана серија и нуди најголеми перформанси, агилност и динамика досега.
Поголемите отвори за влез на воздух, поголемите отвори за воздух на хаубата, на крилата и поголемиот заден спојлер се елементи од дизајнот на F-PACE SVR што ја зголемуваат силата на притисок кон подолгата и го намалуваат отпорот на воздухот. Како резултат на тоа се добиваат подобри перформанси и подобра управливост.
Самоуверениот изглед на F-PACE SVR се надополнува со сестраноста на кабината. Од предните и задните седишта од типот Performance со полуанилинска кожа до новиот волан и интуитивниот систем за информации и забава во автомобил, Pivi Pro*. Практичноста на еден SUV се соединува со стилот на спортски автомобил.
За збогатување на карактерот и појавата на Вашиот Jaguar изберете ги Ultra Gloss, Satin Matte или Special Effect боите од палетата со премиум бои на SV.
Искористете го конфигураторот за да ги истражите нашите опции за дизајн и да го создадете Вашиот совршен F‑PACE SVR.
†Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.
Погледнете ги WLTP вредностите
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.
*Connected Navigation ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.