Одделението за делови за класик моделите на Jaguar, Jaguar Classic Parts, обезбедува оригинални делови за овие возила за илјадници клиенти ширум светот и негова главна цел е да понуди услуга од највисоко ниво и квалитетни оригинални делови за клиентите што се грижат за постари возила.
Сите делови се произведени според прецизните спецификации на Jaguar од страна на оригиналните добавувачи, секогаш кога е тоа можно, се користат автентични цртежи и алати на Jaguar за да се гарантира дека деловите се оригинални.
Оригиналните лимени делови за класик моделите на Jaguar не се само ископирани - тие се создадени одново. Верни на оригиналот и верни на наследството на Jaguar.
Во одделението за делови за класик моделите на Jaguar, Jaguar Classic Parts, се складираат резервни делови, додатоци и потрошни материјали за следните модели на Jaguar и Daimler: X300 (6-цилиндричен и 12-цилиндричен), XJS, серија 3 од моделите XJ12, XJ6, XJ8 (X308) и XJ12 XJ40 (XJ81) и Daimler Limousine до 1992, со XK8/R (X100) што е додаден во одделот за Делови за класик моделите во 2015 година.
Како поддршка на глобалното ширење на авомобилите на Jaguar, одделението за делови за класик моделите, Jaguar Classic Parts, нуди катлошки преглед на Jaguar на повеќе јазици и систем за онлајн нарачка со повеќе од 22.000 референтни броеви, заедно со дијаграми, замени и информации за примена во возилата.
Одделението за делови за класик моделите, Jaguar Classic Parts, има за цел да го обезбеди истото високо ниво на услуги и квалитетни оригинални производи што ги добиваат и сопствениците на новите модели на Jaguar. Со користењето оригинални делови за Jaguar директно од Jaguar, сопствениците на постари возила можат да ги возат своите автомобили многу подолго, уверени дека сите прецизни делови работат што е можно поефикасно и поефективно.