XE SV PROJECT 8

Најекстремната изведба на Jaguar досега ја напаѓа патеката Нирбургринг Нордшлајфе.

Погледнете го филмот
НАЈЕКСТРЕМНАТА ИЗВЕДБА НА JAGUAR ДОСЕГА

Со 600PS што ги добива од 5.0-литарскиот V8 мотор со супер полнач, Project 8 е најмоќното друмско патничко возило на Jaguar во историјата. Производството ќе биде строго ограничено на 300 автомобили за целиот свет. Секое возило ќе биде рачно монтирано во Техничкиот центар на SVO во Ворвикшир, Англија. Можете да избирате помеѓу двосед верзијата со пакетот Track или друмскиот четирисед – двете верзии се ексклузивно достапни со волан од левата страна. Прототип верзиите се возат на познати локации низ Европа, а најпозната локација е патеката Нирбургринг Нордшлајфе. Project 8 го постигна најбрзиот круг за Jaguar досега на Нордшлајфе, побрзо од кој било друг сериски седан со четири врати во историјата и побрзо од многу познати суперавтомобили.

Пронајдете продавач
Погледнете ја галеријата
НАПРЕД
НАЗАД
ВНАТРЕШНОСТ
SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

SVO ги создава врвните автомобили на Jaguar: најбрзите и најлуксузните автомобили со технологија на највисоко ниво. Нашите инженери, дизајнери и мајстори им овозможуваат на нашите најпрефинети клиенти да уживаат во нивната страст за Jaguar. Резултатот е секогаш ексклузивен и атрактивен, со исклучителна колекционерска вредност.

ПЕРФОРМАНСИ И СПОСОБНОСТ
Овој автомобил е осмислен да биде највозбудливиот спортски седан во светот. Во Project 8 се користи потпирање што е преземено од тркачките автомобили и модифициран систем за погон на сите тркала AWD. Тоа ќе му понуди на возачот извонредно чувство и агилност. Врските на амортизерите се со топчести зглобови за да се подобри реакцијата на автомобилот, а има и две висини за возење - една за друмско возење, а втората поставка е за 15mm пониска за возење по тркачка патека.
СРЦЕ СО СУПЕР ПОЛНАЧ. АЛУМИНИУМСКА КАРОСЕРИЈА
Срцето на овој автомобил е легендарниот V8 мотор со супер полнач на Jaguar. Но брзината и возбудата во возењето не се само поради моќноста. Пионерската алуминиумска каросерија со мала тежина на Jaguar во комбинација со обемната употреба на карбонските влакна во Project 8 – за хаубата, одбојниците, страничните прагови, предниот разделник и задното аеро крилце – ја држат тежината на минимум.
ЗНАЧАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МОДЕЛОТ
ЗАДНО КРИЛЦЕ
Каросеријата на Project 8 беше детално редизајнирана за да понуди аеродинамика со пeрформанси што се битни за автомобил со брзина од 322km/h. Тоа вклучува прилагодлив длабок преден разделник, заден дифузор и големо прилагодливо задно аеро крилце. Нападниот агол на крилцето може фино да се дотера за да се намали отпорот на воздухот или да се максимира силата на притисок кон коловозот – откако ќе постигнете брзина од 300km/h се создава сила на притисок кон коловозот од 122kg.
КОЧНИЦИ
V8 моторот со супер полнач и каросеријата со мала тежина гарантираат неверојатни перформанси. Но, за автомобил што развива брзина од 322km/h исто така важна е и моќноста за запирање. Project 8 ги има најголемите и технолошки најнапредните кочници вградени во Jaguar досега – напред се огромните карбонско керамички дискови од 400mm со големи шепи со 6 клипа. И тие се со мала тежина исто така, заштедуваат 18kg.
ВИСТИНСКИ КОНТАКТ СО ПАТОТ
Системот Погон на сите тркала гарантира врвна чувствителност, тракција и агилност. Ниеден друг Jaguar не е потемпераментен. Управливоста има карактер на погон со задни тркала, како кај суперавтомобил со две врати. Системот Интелигентна динамика на погонот има електронски активен диференцијал, како дел од напредниот погонски склоп со компјутерска контрола. За врвни перформанси, верзијата на системот Прилагодлива динамика што е уникатно засилена за Project 8 има нов режим Track (тркачка патека).
ТРКАЧКИ СЕДИШТА
За оние што сакаат Project 8 двосед, како за тркачките патеки, тука се тркачките седишта од карбонски влакна. Овие седишта се опремени со тркачки безбедносни ремени на четири точки. Безбедносната рамката за задржување потпрена на повеќе точки ги заменува задните седишта. Друмската верзија на Project 8 се карактеризира со четири кожни седишта во црната боја Ebony со контрастно порабување во светлата боја Oyster. Предните седишта се специјалните седишта Performance со магнезиумска рамка со мала тежина.
ПЕРСОНАЛИЗИРАН ЗА ВАС
Project 8 се нуди во 3 стандардни бои, како и пет опционални бои од премиум палетата на SVO. За да го направите автомобилот навистина уникатен – буквално единствен – изберете го посебното издание Bespoke by SVO изработено по мерка. Тука е вклучен изборот од 10.000 дополнителни бои за каросеријата и декоративните елементи плус тркачки налепници по нарачка, обоени шепи на кочниците, табла по нарачка и многу повеќе.
ТРКАЛА
Специјалните ковани тркала од легура со мала тежина се појаки и полесни од конвенционалните леани тркала од легура и нудат врвна управливост. Уникатниот дизајн на тркалата го намалува отпорот на воздух за 7 бодови. Специјално развиените пневматици Michelin Sport Cup 2 го комбинираат извонредниот зафат со комфорот и ги прават совршени за друмско возење и за возење по тркачка патека.
Пронајдете продавач
Погледнете ја галеријата
<h4 style="font-weight:450">КОН МОЌНОСТА ОД 600PS</h4>

Project 8 е најбрзиот седан на Jaguar досега. Неговиот 5.0-литарски V8 мотор со супер полнач развива моќност од 600PS и вртежен момент од 700Nm, што го прави најмоќен мотор што е некогаш вграден во патнички автомобил на Jaguar. Максималната брзина е 322km/h, а од 0 до 100km/h ќе ве однесе за само 3,3 секунди. Трансмисијата со 8 степени на пренос на автомобилот овозможува рачно менување на степените на пренос со помош на лопатките за само 0,2 секунди – побрзо од едно трепнување на окото.

ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
Url
Креирајте свој модел
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Jaguar
Url
Споредете ги нашите возила
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
Url
Пронајдете продавач
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url