Луксузот, перформансите и технологијата се издигнуваат на највисокото ниво за да се создадат уникатни Jaguar автомобили.
Чудесни перформанси, ненадминат луксуз и најсовремена технологија. Одделението Special Vehicle Operations го демонстрира најдоброто од Jaguar преку низа од ексклузивни halo-модели што го носат знакот SV, колекционерски изданија во ограничена серија и проекти со уникатни инженерски решенија.
Како стандард во персонализација на возило, одделението Special Vehicle Operations е и дом на пакет од услуги по нарачка што нуди широки можности за избор на завршни обработки за возилото од асортиманите на Премиум палетата на SV и SV одделот за нарачки.
SVO се наоѓа во нашиот сосема нов технички центар, вреден 20 милиони фунти, во Ворикшир (Warwickshire), Англија. Овој капацитет за специјално производство е центар за совршенство на Jaguar Land Rover и е дом на тим од 200 специјалисти за автомобили. Во централата на SVO со површина од 20.000m2 има повеќе од 40 инженерски оддели за испитување и постројка за бојадисување од светска класа.
Го содржи сиот луксуз и практичност на стандардниот F-PACE. Нашата возбудлива еволуција SVR, го ослободува вистинскиот потенцијал на возилото. 5.0-литарскиот V8 мотор со супер полнач, напредната аеродинамика и компонентите фокусирани кон перформанси го прават овој F-PACE најбрз досега.
Овој автомобил е осмислен да биде највозбудливиот спортски седан во светот. Во срцето на Project 8 е легендарниот V8 мотор со супер полнач на Jaguar – но неговата брзина не е само поради огромната моќност. Тркачката аеродинамика, во комбинација со обемната употреба на карбонски влакна и алуминиумската каросерија со мала тежина, формира темпераментен карактер како кај ниеден друг Jaguar.
Нашите SV стручни центри се витална дестинација за секој што сака да ги искуси нашите возила одблизу и да разговара со нашиот тим од SV експерти.
Откако ќе го внесете Вашиот поштенски број изберете „SV specialist centres“ (SV стручни центри) од филтерот преку менито за услуги.
Следете @JaguarSV за најновите фотографии, видео содржини и случки во врска со најуникатните возила на Jaguar во светот #JaguarSV.