ВИРТУЕЛНО ИНЖЕНЕРСТВО

Инвестираме во најсовремени алатки за виртуелно инженерство што овозможуваат новите производи - и напредните технологии што ги движат - да се дизајнираат побрзо, поефикасно и да бидат поробустни. Крајниот резултат се автомобили Jaguar што се посигурни и потрајни.

Дизајнот на денешните луксузни возила со високи перформанси станува сè посложен. Земете ја само високософистицираната електроника во модерен Jaguar, којашто може да се прошири на до 100 електронски контролни едници, 100 милиони софтверски линии и 10.000 различни барања за производ за секој модел.



Со помош на знаењето добиено од индустриите со висока технологија како што се воздухопловството и Формула 1, виртуелното инженерство нуди перформанси и квалитет што не можат да се постигнат со традиционалните процеси на дизајнирање и внесува револуција во начинот на развој на денешниот Jaguar – и на Jaguar-от на иднината.



Во срцето на нашиот пристап е вложувањето од 13 милиони фунти во виртуелно инженерство секоја година. Алатките како Компјутерска динамика на флуиди (CFD) и Компјутерски потпомогнато инженерство (CAE) можат да се користат за виртуелно моделирање на различни елементи на автомобилот – од управување со аеродинамиката и топлината, преку конструктивна изведба на потпирањето и носечките елементи на каросеријата, до развој на погонскиот систем и издржливоста. Овие алатки можат и да го симулираат дизајнот на деталите, како што се бришачите на ветробранското стакло, преку аеро-акустично моделирање на нестабилни реални воздушни струења за да се минимизира создадената бучава.



Највидливиот аспект од оваа посветеност на виртуелното инженерство е Виртуелниот центар за иновации што има за цел да ги оживее повеќето од овие симулации. Сместен е во Центарот за инженерство на Jaguar, во Гејдон, неговиот развој чинеше 2 милиони фунти, а имаше и дополнителни инвестиции од 3 милиони фунти за да се обезбеди проширување на пакетот од виртуелни алатки за поддршка на развојниот процес.

„ВИРТУЕЛНОТО ИНЖЕНЕРСТВО НУДИ ПЕРФОРМАНСИ И КВАЛИТЕТ ШТО НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОСТИГНАТ СО ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ДИЗАЈНИРАЊЕ“

Тука спаѓа 3Д Кабина, во којашто осум дигитални проектори со висока резолуција создаваат 3Д слика во цела големина од компјутерски генерирани модели. Операторите носат 3Д наочари и можат да ги видат и да манипулираат со сликите со помош на контролно стапче што им овозможува да го оптимизираат надворешниот дизајн, просторот во внатрешноста и положбите на седиштата, видливоста и распоредот на елементите за контрола.



Во лабораторијата за ергономија со виртуелна реалност и пробна маса за проширена реалност, инженерите и дизајнерите можат да користат дисплеј поставен на главата за да се задлабочат во возилото, додека повеќефункционалната опиплива платформа и технологијата за физички допир им овозможуваат да се соединат со автомобилот и неговите елементи за контрола. Со помош на Оптичката анализа на перформансите тие можат да ја симулираат дури и рефлексијата од компонентите во внатрешноста и осветлувањето на ветробранското стакло.



Други алатки, како видео ѕид во размер 1:1, им овозможува на дизајнерите да прикажат слики од компјутерски потпомогнат дизајн на нов автомобил во природна големина, додека со напредниот симулатор за возење инженерите можат да ја развијат динамиката на возење и да ги оптимизираат бучавата, вибрациите и непријатните звуци без да се излезе од објектот.



Овој пристап со виртуелно инженерство веќе дефинира како се дизајнираат актуелните и идните модели. Во текот на развојот на моделот XE, на пример, се направија 1,8 милиони симулации. За овие симулации беа потребни 36 милиони часа работа на процесорите и се добија податоци со капацитет од 1200TB.



Околу 40 проценти од барањата за дизајн и перформанси за возилата на Jaguar Land Rover веќе се потврдени со помош на алатките за виртуелна симулација. Соработуваме со многу стручни партнери за да ја постигнеме нашата цел од 100 проценти до 2020 година.

Лабораторија за ергономија со виртуелна реалност на JLR, Гејдон (Обединетото Кралство)
ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
ПРОЦЕС НА ТЕСТИРАЊЕ

Поставено: 18-08-2016

Во секоја фаза на дизајнот, развојот и производството, секоја компонента на Jaguar поминува низ илјадници тестови и проверки за безбедност, издржливост и квалитет, што гарантира дека крајниот производ е најсигурниот и најбезбедниот автомобил што можете да го возите.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
БЕЗБЕДНОСТ

Поставено: 18-08-2016

Сигурност не значи само едноставно и навремено превезување до вашата дестинација. Сигурноста подразбира и безбедно превезување до вашата дестинација, а безбедноста е во сржта на филозофијата на Jaguar.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

Поставено: 18-08-2016

Кога се зборува за дизајн и конструкција на автомобили, тогаш сигурната и проверена алуминиумска конструкција на каросеријата со мала тежина е дел од филозофијата на Jaguar повеќе од 70 години.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ