БЕЗБЕДНОСТ

Сигурност не значи само едноставно и навремено превезување до вашата дестинација. Сигурноста подразбира и безбедно превезување до вашата дестинација, а безбедноста е во сржта на филозофијата на Jaguar за алуминиумската конструкција на каросеријата со мала тежина.

Инспирација за технологијата што ја користиме за производство на нашата висококвалитетна алуминиумска конструкција на каросеријата добивме од воздухопловната индустрија. Со оваа технологија не само што создаваме шасија што е до 400kg полесна и покрута од нејзините претходници, со што се добива помала потрошувачка на гориво, пониска емисија на издувни гасови и подинамична управливост, туку и создаваме шасија што е значително појака, подобро дизајнирана и подобро опремена со дополнителни безбедносни карактеристики и ви нуди и поголема заштита.



Земете го моделот XE – изработен врз монокок каросерија со интензивна употреба на алуминиум, каросерија во којашто има повеќе од 75 проценти алуминиум. Тоа е седан модел на Jaguar со најмала тежина и најголема крутост досега. Тоа е начинот на интелигентно користење на алуминиумот, што е клучно, и гарантира дека сите модерни модели на Jaguar се проектирани за да ги исполнат најстрогите барања на законските краш тестови и краш тестовите за производ ширум светот.



Овие дизајнерски решенија потоа се потврдуваат во реалност. На судар подложуваме околу 60 шасии во серија од 80 краш тестови – некои тестови бараат автомобилот да потроши 100MW кинетичка енергија за 40 милисекунди од сударот – за да се гарантира дека функционираат баш како што е планирано.



Во тие 40 милисекунди, носачите на одбојникот, апсорберите на удар зад одбојникот и надолжните елементи од конструкцијата на каросеријата се деформираат и го оддалечуваат моторот од сударот во просторот за судар. Во автомобилот, воздушните перничиња и предзатегнувачите на безбедносните ремени се активираат за најмногу 15 милисекунди по сударот и се грижат да се ограничат силите врз патниците во автомобилот. На крај, кога автомобилот ќе застане во место, автоматски ја исклучува пумпата за гориво, ги вклучува предупредувачките трепкачи и ги отклучува вратите за да овозможи поедноставно излегување од возилото.

„МОДЕРНИТЕ МОДЕЛИ НА JAGUAR СЕ ПРОЕКТИРАНИ ЗА ДА ГИ ИСПОЛНАТ НАЈСТРОГИТЕ ПРОПИСИ И КОРИСНИЧКИ БАРАЊА ЗА КРАШ ТЕСТ ШИРУМ СВЕТОТ“.

Патниците во автомобилот не се единствените што ги заштитува секој Jaguar. Системот на хаубата за забележување контакт со пешак* користи пиротехнички побудувачи за да ја отвори хаубата нагоре и да го оддалечи автомобилот за околу 6cm за помалку од 30 милисекунди. Ова помага да се апсорбира ударот за пешаците и ги штити од удирање во тврдите делови како што се моторот и потпирањето.



Денес секој Jaguar има целосен пакет на напредни системи за помош на возачот (ADAS) што или му обезбедуваат подобри информации на возачот за условите и околниот сообраќај, или автоматски се активираат и се грижат за спречување незгоди.



Не е чудно што XE и XF добија пет ѕвездички на Euro NCAP тестовите во 2015 година, со високи резултати во категориите Заштита на возрасни, Заштита на деца, Помош за пешаци и безбедност, со што се меѓу највисоко оценетите модели во нивните сегменти.



Како директор за возила, Кевин Страјд објаснува: „XE и XF се конструирани без компромис. На безбедноста се фокусиравме исто како што се фокусиравме на динамиката, перформансите, префинетоста и ефикасноста, а нашите ригорозни стандарди далеку ги надминуваат барањата на законските тестови и тестовите за производ. Сè, од алуминиумските легури што ги развивме за конструкцијата на каросеријата до најсовремената стерео камера во срцето на системот за автономно итно кочење, е педантно оптимизирано за да се добие безбедност од светска класа“.



*Во зависност од моделот и пазарот.

yt:P_JPyCG44zs
Автномно итно кочење кај моделот XF
ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

Поставено: 18-08-2016

Кога се зборува за дизајн и конструкција на автомобили, тогаш сигурната и проверена алуминиумска конструкција на каросеријата со мала тежина е дел од филозофијата на Jaguar повеќе од 70 години.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ГЛОБАЛНИ ОБЈЕКТИ

Поставено: 18-08-2016

Се вложуваат големи напори за да се направи секој Jaguar да биде најспособен, најсигурен и најпосакуван од сите автомобили.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ВИРТУЕЛНО ИНЖЕНЕРСТВО

Поставено: 18-08-2016

Инвестираме во најсовремени алатки за виртуелно инженерство што овозможуваат новите производи - и напредните технологии што ги движат - да се дизајнираат побрзо, поефикасно и да бидат поробустни. Крајниот резултат се автомобили Jaguar што се посигурни и потрајни.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ