ГЛОБАЛНИ ОБЈЕКТИ

Се вложуваат големи напори за да се направи секој Jaguar да биде најспособен, најсигурен и најпосакуван од сите автомобили.

Сè започнува во срцето на Англија, во нашиот Центар за инженерство во Витли и на теренот за тестирање на Jaguar Land Rover во Гејдон.



Во Гејдон, нашите канцеларии за инженерство и дизајн и погоните се простираат на површина од 155 хектари и тука работат 2500 инженери. На располагање имаат широк спектар на напредни алати вклучувајќи ги и климатските комори што можат да симулираат разни услови, како студот на поларната зима со температура од -40ºC, или жештината на пустините на Блискиот Исток каде што температурата е +55ºC. На располагање имаат и пробна маса за статично тестирање на мотор, трансмисија, менувач и шасија за да ги изложат прототип компонентите или целата шасија на тестови со работен циклус од 10 години со 240.000 километри за само неколку недели – сето тоа без да се излезе од Обединетото Кралство.



На наменските патеки за тестирање во Гејдон, возилата можат да се тестираат 24 часа на ден на патеката Emissions Circuit со четири коловозни ленти за тестирање на емисијата на издувни гасови, додека на патеката за издржливост Low-Speed Endurance Circuit, на патеките со чакал Developing World и на патеката за теренско возење Off-Road Course ги тестираме нашите возила на многу од разните услови на патот на коишто ќе наидат, така што можеме да ги истражиме границите на нивната способност и сигурност.



Исто така, развивме реални тест постројки со висока технологија ширум светот – наменски локации, каде што прототиповите можат да изминат илјадници километри во некои од најнегостољубивите опкружувања познати за човекот, за да се обезбеди беспрекорна сигурност, каде и да се вози Jaguar.

Jaguar F‑PACE- Тестирање во климатска комора, Гејдон

Тестовите на ладни временски услови не можат да бидат посурови од оние во Арјеплог, Шведска, и Интернешенел Фолс, САД, каде што – во средина на зимата – автомобилите се прекриваат со мраз преку ноќ на температури што можат да се спуштат и до -40ºC, а следното утро од нив се очекува беспрекорно да стартуваат.



Во сувите пустини на Аризона во околината на Феникс, САД, нашите автомобили се тестираат до границите на температури до 50ºC, за да се испитаат перформансите, ладењето на кочниците и вентилацијата во автомобилот на жешко време. За да ја испитаме отпорноста на бојата од избледување бојадисуваме лимени табли и ги оставаме три години на надворешни услови.



„Надморската височина влијае на взаемното дејство помеѓу моторот и менувачот“, вели Џед Пајбас, сениор менаџер за системи за автоматска трансмисија. „Во околината на Денвер имате патишта на надморска висина од 4350m, во Мексико Сити на 2250m, а во Кина, Индија и Јужна Америка на висина и од 4700m. Постојат големи разлики во перформансите на моторот како резултат на пореткиот воздух што трансмисијата треба да ги препознае, и да се прилагоди на нив“.



Ги зголемивме и нашите инвестиции во тестирање на Блискиот Исток, со капацитет во Ал Башра, Дубаи – совршено место за тестови за теренско возење на SUV возила на некои од најтешките песочни дини на планетава.



Нашите автомобили не ги изложуваме само на екстремни температури. На 12,5km долгата кружна брза патека Нардо Ринг во Италија, прототиповите минуваат по 35.000 километри тест на издржливост, во една недела или повеќе, на скоро максимална брзина, додека потпирањето се оптимизира на помошните патеки на овој објект.

yt:ni0Dc2ZduhM
Jaguar F‑PACE – Тестирање на екстремни временски услови

Конечно, врвниот тест за реални перформанси за секој Jaguar доаѓа на познатата патека Нордшлајфе на автодромот Нирбугринг во централна Германија. Од нашиот напреден капацитет, автомобилите се носат на „ентузијастички тест за робустност на возачот“ – исцрпувачко возење од 8.000 километри, 390 обиколки со 73 предизвикувачки кривини, со 300m нагоре – надолу низ шумите Ајфел во Германија.



Се вели дека една обиколка со голема брзина на 20,8 километри долгата патека Нордшлајфе е еквивалентна на 140 километри тестирање на конвенционални патишта, што значи дека овој тест е еквивалентен на тест од 80.000 километри возење за само неколку недели.



„Автодромот Нирбургринг нуди реално пространство од можности и цврста референтна вредност, обиколка по обиколка“, вели Фил Талбојс, Менаџер на тест операции во Европа. „Нашиот завршен тест за издржливост е на врвот од перформансите на автомобилот и далеку го надминува тоа што повеќето возачи ќе го прават, но тоа е начинот на којшто гарантираме робустност на крајниот производ“.



„Тоа навистина му користи на просечниот возач – од аспект на сигурност и робустност, како и од аспект на управливост. Ако автомобилот може да го преживее Нирбургринг, тогаш тој ќе биде способен и издржлив и во реалниот свет“.

„АКО АВТОМОБИЛОТ МОЖЕ ДА ГО ПРЕЖИВЕЕ НИРБУРГРИНГ, ТОГАШ ТОЈ ЌЕ БИДЕ СПОСОБЕН И ИЗДРЖЛИВ И ВО РЕАЛНИОТ СВЕТ“


ФИЛ ТАЛБОЈС

Менаџер на тест операции во Европа

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
ВИРТУЕЛНО ИНЖЕНЕРСТВО

Поставено: 18-08-2016

Инвестираме во најсовремени алатки за виртуелно инженерство што овозможуваат новите производи - и напредните технологии што ги движат - да се дизајнираат побрзо, поефикасно и да бидат поробустни. Крајниот резултат се автомобили Jaguar што се посигурни и потрајни.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРОЦЕС НА ТЕСТИРАЊЕ

Поставено: 18-08-2016

Во секоја фаза на дизајнот, развојот и производството, секоја компонента на Jaguar поминува низ илјадници тестови и проверки за безбедност, издржливост и квалитет, што гарантира дека крајниот производ е најсигурниот и најбезбедниот автомобил што можете да го возите.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
БЕЗБЕДНОСТ

Поставено: 18-08-2016

Сигурност не значи само едноставно и навремено превезување до вашата дестинација. Сигурноста подразбира и безбедно превезување до вашата дестинација, а безбедноста е во сржта на филозофијата на Jaguar.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
БЕЗБЕДНОСТ