СОДРЖИНА НА КУРСОТ
Овој мастер-курс од светска класа трае една година и ќе се изведува на англиски јазик и, помеѓу другото, ќе ги покрие следните теми: нови технологии; идентификација на идеен модел и модел за употреба за внатрешноста; традиционални и современи материјали; нови декоративни површини и технологии и интерфејс платформи (особено дизајн на интерфејсот).
ГУРУИ НА ДИЗАЈНОТ ВО УЧИЛНИЦАТА
Jaguar целосно учествува во структурата и содржината на курсот, а има и свој удел во завршните дисертации. Студентите ќе имаат можност да учат од професионалци што се почитувани во индустријата, како визитинг професори ќе се вклучат директорот на дизајн на Jaguar, Ијан Калум, заедно со главните членови од неговиот тим, од одделот за дизајн на внатрешноста и од одделот за дизајн на надворешноста.
ПРИВИЛЕГИЈА
„За Jaguar претставува големо задоволство што ќе биде партнер со многу почитувана институција како што е IED (Европски институт за дизајн) во Торино за нејзиниот прв мастер-курс по дизајн на внатрешноста на автомобилот и корисничко искуство. Програмата ќе обезбеди уникатен увид во процесот на дизајн на автомобили, а мојот тим и јас се радуваме што ќе работиме со талентираните студенти на овој курс“.
Ијан Калум, Директор на дизајн во Jaguar