Во 2014 година, Jaguar соработуваше со Wallpaper*, највлијателното списание за дизајн и стил во светот, во поставувањето на првата изложба Wallpaper* Handmade што ќе се одржи надвор од Милано. Во излозите на „Хародс“ во Лондон беа поставени повеќе од 50 експонати.
„Планираме да креираме дел што не е верен само на дизајнерските вредности на Jaguar – убавината на линијата и чистата форма – туку и нешто што има намена и функција.
Користејќи го мермерот на начин што го предизвикува традиционалниот поглед на материјалот, дизајниравме и произведовме, во соработка со Салватори, прекрасна масичка за кафе. Направена од едно парче на мермер, нејзината форма визуелно ги изразува брзината и агилноста, се стеснува и сето тоа го обликува во една динамички течна површина.
Нашите соработници; Салватори се иновативни производители на производи од природен камен, со седиште во близината на Карера мермер во Версилиа, Италија. Имавме блиска соработка со нив за да го искористиме нивното непроценливо искуство и знаење за материјалот.
Тргнуваме од рачна скица и идејата ја преведуваме во 3Д со компјутерско моделирање. Тоа потоа командува со автоматското сечење на мермерот, обликувајќи го во неговите груби пропорции. Потоа мермерот рачно се дотерува, а со завршната обработка се креираат префинети чисти површини што се уникатни само за ова парче.
За да се надополни формата додадовме суптилен мотив на површината на масата. Ромбоидниот облик е преземен од логото на наследството на Jaguar - Jaguar Heritage, мотив што е синоним за брендот, мотив за којшто почувствувавме дека ги привлекува погледите особено кога на него дејствува светлина.
Преку комбинирање на најмодерните техники на дизајн и производство со традиционалната рачна скулпторска техника произведовме дел на сличен начин како што денес би развивале автомобили на Jaguar“.
Сајмон Тови, сениор дизајнер, Jaguar Land Rover