ПАРТНЕРСТВА И СОРАБОТКИ

Нашата страст кон дизајнот не е ограничена само на дизајнирање автомобили. Бидејќи инспирацијата ја црпиме од секаде, дизајнираме во различни дисциплини и области, соработуваме со дизајнери коишто ја делат нашата страст за иновации и развој на најсовремена технологија.

ПОШИРОКА ВИЗИЈА ЗА ДИЗАЈНОТ

Палета на чевли за возење. Тркачки велосипед Тур Де Франс. Елегантен прецизен часовник. Ова се само некои од проектите во коишто нашите дизајнери неодамна беа вклучени. Нашата страст навистина не знае за граници. Каде ќе нè однесе утре? Тоа можете да го дознаете тука.

ГО НОСИМЕ JAGUAR ДИЗАЈН ВО СЕУЛ

ГО НОСИМЕ JAGUAR ДИЗАЈН ВО СЕУЛ

За да го одбележи претставувањето на новиот XJ, Jaguar отвори „Rare Design Studio“ во Сеул. Како дел од исклучително популарниот дизајнерски настан, на којшто се претстави минатото, сегашноста и иднината на брендот, директорот на дизајн Ијан Калум го водеше првиот мастер-клас по дизајн на Jaguar во Кореја за студенти и амбициозни дизајнери на автомобили.
ПОИНАКВО ДИЗАЈНИРАЊЕ АВТОМОБИЛИ СО IED TURIN

ПОИНАКВО ДИЗАЈНИРАЊЕ АВТОМОБИЛИ СО IED TURIN

Во 2016 година, Jaguar ги здружи силите со Европскиот институт за дизајн (IED) во Торино, Италија, за да го понуди првиот мастер-курс по дизајн на внатрешност на автомобилот и корисничкото искуство. Новиот курс ќе го објасни невообичаеното гледиште според кое акцентот се става на корисникот и внатрешноста како почетна точка, а не на надворешноста.
СПИСАНИЕТО WALLPAPER* И JAGUAR ГО СЛАВАТ ЛЕГЕНДАРНИОТ ДИЗАЈН

СПИСАНИЕТО WALLPAPER* И JAGUAR ГО СЛАВАТ ЛЕГЕНДАРНИОТ ДИЗАЈН

Посветеноста на Jaguar за брилијантен дизајн инспирира изложба во соработка со љубителите на списанието Wallpaper*. Изложбата Handmade се одржи во срцето на Лондон и го претставуваше најдоброто во современиот меѓународен дизајн. Jaguar соработуваше со дизајнери и беше инспирација за бројни прекрасни проекти.
BREMONT КРЕИРАШЕ РАЧЕН ЧАСОВНИК E‑TYPE ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА

BREMONT КРЕИРАШЕ РАЧЕН ЧАСОВНИК E‑TYPE ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА

Моделот Lightweight E‑type е еден од најексклузивните и најубавите автомобили што е направен досега. Во соработка со наградуваниот британски производител на часовници Bremont, Jaguar помогна во креирањето на ексклузивниот часовник што ги отсликува јасните линии и оригиналните мерачи во E-type. Дури и ремчето е направено од кожата што се користи за внатрешноста на E-type.
„ГАС ДО ДАСКА“ СО ОЛИВЕР СВИНИ

„ГАС ДО ДАСКА“ СО ОЛИВЕР СВИНИ

Jaguar F‑TYPE е дизајнерската инспирација за соработка помеѓу Jaguar и водечкиот британски производител на чевли, Oliver Sweeney. Користејќи ги материјалите од F‑TYPE, како карбонските влакна и кожата нубук, и со дизајнерски детали директно од спортскиот автомобил, Oliver Sweeney и Jaguar креираа врвни чевли за возење.