ГО НОСИМЕ JAGUAR ДИЗАЈН ВО СЕУЛ
За да го одбележи претставувањето на новиот XJ, Jaguar отвори „Rare Design Studio“ во Сеул. Како дел од исклучително популарниот дизајнерски настан, на којшто се претстави минатото, сегашноста и иднината на брендот, директорот на дизајн Ијан Калум го водеше првиот мастер-клас по дизајн на Jaguar во Кореја за студенти и амбициозни дизајнери на автомобили.
ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПОИНАКВО ДИЗАЈНИРАЊЕ АВТОМОБИЛИ СО IED TURIN
Во 2016 година, Jaguar ги здружи силите со Европскиот институт за дизајн (IED) во Торино, Италија, за да го понуди првиот мастер-курс по дизајн на внатрешност на автомобилот и корисничкото искуство. Новиот курс ќе го објасни невообичаеното гледиште според кое акцентот се става на корисникот и внатрешноста како почетна точка, а не на надворешноста.
ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ
СПИСАНИЕТО WALLPAPER* И JAGUAR ГО СЛАВАТ ЛЕГЕНДАРНИОТ ДИЗАЈН
Посветеноста на Jaguar за брилијантен дизајн инспирира изложба во соработка со љубителите на списанието Wallpaper*. Изложбата Handmade се одржи во срцето на Лондон и го претставуваше најдоброто во современиот меѓународен дизајн. Jaguar соработуваше со дизајнери и беше инспирација за бројни прекрасни проекти.
ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ
BREMONT КРЕИРАШЕ РАЧЕН ЧАСОВНИК E‑TYPE ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА
Моделот Lightweight E‑type е еден од најексклузивните и најубавите автомобили што е направен досега. Во соработка со наградуваниот британски производител на часовници Bremont, Jaguar помогна во креирањето на ексклузивниот часовник што ги отсликува јасните линии и оригиналните мерачи во E-type. Дури и ремчето е направено од кожата што се користи за внатрешноста на E-type.
ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ
„ГАС ДО ДАСКА“ СО ОЛИВЕР СВИНИ
Jaguar F‑TYPE е дизајнерската инспирација за соработка помеѓу Jaguar и водечкиот британски производител на чевли, Oliver Sweeney. Користејќи ги материјалите од F‑TYPE, како карбонските влакна и кожата нубук, и со дизајнерски детали директно од спортскиот автомобил, Oliver Sweeney и Jaguar креираа врвни чевли за возење.
ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ