JAGUAR ДИЗАЈН

Отсекогаш мислевме дека дизајнот треба да ги активира сетилата. Денес, нашето верување се манифестира во многу форми - некои од нив имаат малку допирни точки со автомобилите.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ПРОСТОРОТ НА JAGUAR ДИЗАЈН

Со Обединетото Кралство како жариште на креативноста, нашата страст за дизајн и иновации изгледа многу британска и многу актуелна. Ангажирањето на сетилата за естетика отсекогаш било клуч на нашата филозофија. Толку силна, да нашиот модел E-type од 1960-тите години сè уште редовно се избира за најубавиот автомобил досега.

Денес нашата визија е дури и поширока. Создаваме и соработуваме на многу различни полиња и акитвно поддржуваме нови таленти. Тука во просторот на Jaguar дизајн, ќе ви дадеме увид во нашата работа, додека работиме.

Добриот дизајн секогаш треба да раскажува неодолива приказна. Веруваме дека улогата на дизајнот е да го направи животот подобар. Обезбедите едноставност таму каде што има конфузија, елеганција таму каде што има вознемиреност. Постојано ги поместуваме границите на можното, поставуваме предизвик пред нас и непрекинато се развиваме за да создаваме уникатни автомобили со коишто луѓето ќе чувствуваат силна емоционална поврзаност. Со дизајнот на нашите автомобили секогаш сакаме да постигнеме театрална мешавина од возбудливи пропорции, пренагласување и елеганција на обликот, заедно со извонредната моќност и перформансите на патот. Силуетата на Jaguar секогаш фасцинира. Малку екстремен и различен од другите автомобили. Jaguar не личи на ништо друго. Тој мора да ги воздбудива сетилата кога стои во место и кога се движи. Кога ќе влезете во Jaguar треба да почувствувате шанса и драма, каде што уметноста и перформансите совршено се комбинираат. Создаваме име како иноватори во дизајнот без да ја нарушиме нашата оригинална мотивација, да се постигне чиста елеганција, возбуда, прекрасни пропорции и перформанси, секој пат. Сè што можеме да замислиме, можеме и да го создадеме.

РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ДИЗАЈН. ИНСПИРАЦИЈАТА И ПОНАТАМУ ДОАЃА.
Нашиот тим за дизајн продолжува да ги поместува границите и да добива признанија - последното е наградата за светски дизајн на автомобил за моделот F-TYPE.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ВОН ГРАНИЦИТЕ НА ДИЗАЈНОТ НА АВТОМОБИЛИ: ПАРТНЕРСТВА И СОРАБОТКИ.
Паралелно со дизајнот на комерцијалните автомобили, нашите дизајнери го искористуваат својот талент во многу други области, од часовници до тркачки велосипеди - или како сопствено дело или во соработка со другите.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ГИ ПОТТИКНУВАМЕ ТАЛЕНТИТЕ ЗА ДИЗАЈН, ШИРУМ СВЕТОТ
Горди сме што ги поттикнуваме, инспирираме и охрабруваме талентите преку разни активности и во соработка со универзитети, факултети и дизајнери поединци во земјата и во странство.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ТИМОТ ШТО Е ОДГОВОРЕН ЗА УНИКАТНИОТ ДИЗАЈН НА JAGUAR
Дизајнот на Jaguar го води легендата во индустријата Ијан Калум. Откријте повеќе за него и за тимот што ги создава нашите уникатни автомобили.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас